Во документот што го објавува агенцијата ПроАгенс, Правила за користење на годишен одмор и за исплата на регрес во 2021 година, се објаснува дека регресот за годишен одмор се оданочува со данок на личен доход со стапка од 11,1111% применета на нето износот на надоместокот. Регресот влегува во годишниот доход за утврдување на даночната прогресија.
Според членот 9 на Законот за исплата на платите („ЗИП“), работодавачот може да врши исплата на регрес за годишен одмор најмногу до 60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ објавена до денот на исплатата. Во истиот член е предвидено дека регресот се исплатува еднаш во текот на годината, а доколку се исплатува во два дела, вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата.
Во продолжение е табеларен приказ на висината на регресот за 2021ва година.
Преглед на висината на регресот за годишен одмор за 2021-та година (извор ПроАгенс)
Исплатата на регресот се врши преку сајтот на УЈП, https://e-pdd.ujp.gov.mk/, со избирање на вид на доход: Т.1 Доход од работа, а во подвид се избира Ѕ1.7 Доход кој подлежи на оданочување со данок – регрес. Висината на даночно признатиот расход по работник на денот на исплатата изнесува 16.682 денари ако се пресметува во мај 2021.
Внесување на регресот во е-ПДД на УЈП
Објаснување на колоните
Колона 1. Најмал нето износ (без данок на личен доход) на регрес за годишен одмор (кој не е намален заради потешкотии во работењето) во приватниот сектор (ОКДПС) = 40% од последна просечна тримесечна нето плата во РМ.
Колона 2. Пропишана висина (без данок на личен доход) на регрес за годишен одмор со Грански колективни договори (приватен сектор) = една последна просечна тримесечна нето плата во РМ.
Колона 3. Пропишана висина (без данок на личен доход) на регрес за годишен одмор со Закон за исплата на плати ... (јавен сектор) = 60% од последна просечна месечна нето плата.
Колона 4. Даночно признаен расход за целите на оданочувањето со данок на дибивка (Закон за данокот од добивка) = 40% од една последна просечна месечна бруто плата во РМ. Во овој износ е содржан и пресметаниот данок на личен доход.
Извор: Про Агенс