Еволуцијата во сметководството е незапирлив процес. Овој процес е воден од потребите на фирмите да имаат навремени извешти за да донесуваат брзи и квалитетни одлуки. И податоците да ги користат од било кој уред, во било кое време и на било кое место.
Начинот на работа преку размена на документи и книжења (и извештаи) е минато. Типичното сценарио во ваквиот традиционален начин е фирмата да користи некаков програм за материјално работење и фактурирање.
Фирмата со овој програм има податоци за лагерот и може да креира документи во продажбата и набавките. Сепак, книжењето се прави во сметководственото биро преку праќање на документи по е-пошта или лично носењето на хартиени документи.
Овој процес е спор бидејќи и во бирото е потребно да се внесуваат финансиските податоци од документите. Од време на време се прават усогласувања на двата сметководствени и комерцијални програми. Извештаите што ги праќа сметководственото биро до фирмата/клиент се застарени и најчесто нецелосни и без графички приказ за подобро согледување на состојбите.
Современите потреби на фирмите изискуваат потесна соработка со сметководствените бироа и работа на еден софтверски систем. Сите документи и трансакции што ги прави фирмата е потребно да се книжат автоматски во системот со претходно поставени книжни шеми од бирото. Во текот на работењето, сметководственото биро да ги надгледува книжењата, има време да ги анализира состојбите и да дава корисни совети на фирмата. Овој начин на работење е задолжителен за мали и динамични фирми кои растат и се развиваат. Поставувањето на ваков систем на работа овозможува скалабилност - со други зборови тоа е платформа која не се менува во наредните години и во услови на зголемен раст на фирмата во обем и во вработени.
Денешните технологии ги остваруваат овие потреби заради тоа што интернетот е доволно брз, а софтверските решенија се моќни за соработка од различни места. Сметководствениот софтвер Microsoft Dynamics NAV (од наредната година како Dynamics 365) кој е прилагоден на македонските прописи и потреби е идеално решение за фирмите и сметководствените бироа. Покрај функционалностите тој овозможува и пристап по разни канали - компјутер, веб, и мобилни уреди (телефони и таблети со сите современи оперативни системи.
Повеќе информации за сметководители и сметководствени бироа има на www.loginsystems.biz/smetkovoditeli.
Редовно организираме брифинзи и презентации за Dynamics NAV - сите наредни настани може да се прегледаат на www.loginsystems.biz/nastani.
Ја имам XP-Pen Deco 02 а претходно имав Wacom intuos 4 и мислам дека можам да ти дадам неколку совети. XP-Pen таблетите имаат подобар price performance момент во однос на Wacom . Е сеа од XP-Pen имаш Star , Deco и Artist серии.
Star ти се entry-level табли, со најосновни функции и помали димензии. Погодни се за хобисти, и пред се наменети за нив, но и за професионалци кои таблетот го користат како помошно средство, пример обработка на фотоси, векторска графика, графички дизајн итн. За овој тип на работа не ти треба голема површина, нивоа на притисок, осетливост на агол итн.
Deco се профи табли. Се разликуваат од Star во секој поглед, почнувајќи од изглед, па до квалитет на изработка, ергономија, функции, големини итн. Овие табли се добри за цртање, моделирање и анимирање, затоа што нудат брз workflow, издржливи се и прецизни. Ваква табла се зима ако работиш на таблата повеќе одколку на тастатурата, и ако работиш долги временски периоди.
Artist се таканаречени дисплеј табли, кои што служат како екран и табла во исто време, значи се црта дирекно на екранот. Овие табли се ултра скапи, и се наменети за ептен профи луѓе на коишто им здосадило да работат на Intuos и го сакаат овој луксуз, инаку нема ништо посебно што може да се направи со овие табли а да не може со другите од понизок ранг.
Мој совет е да земеш XP-Pen Star G640 Digital Drawing Tablet табла, кој модел зависи од тебе, дали сакаш да има копчиња, која големина и сл., но за тоа што го спомна дека ќе го работиш ќе ти врши работа и најосновниот модел со А6 формат. За вектори и графика не ти треба големина, не ти требаат нивоа на притисок, и искрено поголемиот дел од работата ќе го правиш со маус.