Трендовите во начинот на работењето на фирмите и организациите се менуваат, а посебно кај оние организации кои се изложени на секакви можни пазарни притисоци. Кај таквите организации секое подобрување во работењето може да им овозможи стабилност и да постави платформа за раст. Тие се во постојана потрага по подобрувања и намалување на трошоците или за исти пари да добијат повеќе. Постоечката поставеност на сметководствените услуги кај дел од нив не им обезбедува квалитетни податоци за навремени и квалитетни одлуки.
На цена ќе дојдат квалитетните сметководители наместо сметководителите што имаат „брзи прсти“ да внесуваат документи во сметководствените програми.
Со користењето на хостирано ERP решение, фирмата може да каже „збогум“ на двојни и тројни внесувања, различни несовпаѓачки извештаи, доцни анализи и слично. Со користењето на ERP, дел од фирмите што имаат интерно сметководство ќе можат да ги аутсорсираат овие активности со што ќе се зголемува работата на сметководствените фирми.
Повеќе на темата има на линкот тука.
Постани партнер на Логин Системи! Повеќе на https://goo.gl/mGyjoe ...