Трошковно сметководство е ефикасен начин за контрола на трошоците во фирмите и организациите.
Модулот во Dynamics NAV за трошковно сметководство овозможува прегледност и увид во буџетираните и реализираните трошоци во работењето, распределба по оддели, производи и/или проекти. Трошковното сметководство ги синхронизира трошковните информации со главната книга и потоа ги алоцира тие информации во различните трошковни центри и трошковни објекти.
Модулот за Трошковно сметководство ги нуди следните функционалности:
Пренос на трошоците од главната книга
Внесување и книжење на интерните трошоци и алокации директно во трошковниот дневник од Трошковното сметководство
Предефинира правила за распределба на трошоците на трошковната алокација
Картички и изведба во пакет
Сторно/поврат на алокации
Креирање на трошковни буџети и пренос на ставки од трошковен буџет во реализирани ставки
Повеќе функционалности од сметководството и финансиите има на линкот https://www.erp.mk/DynamicsNAV/Smetkovodstvo/GlavnaKniga ...
Во 2014та година, Министерството за Финансии издало НАСОКИ ЗА ТРОШКОВНО И УПРАВУВАЧКО СМЕТКОВОДСТВО. Министерството заклучува дека трошковното и управувачкото сметководство во далеку поголема мерка е развиено во претприемачкиот сектор отколку во јавниот сектор, што е разбирливо, со оглед на фактот дека основен мотив во претприемачкиот сектор е остварување профит заради што се бараат многу детални информации за трошоците, приходите, постигнатите резултати и одговорноста.
Насоките укажуваат на клучните подрачја каде може да има придобивки од развојот и примената на трошковното и управувачкото сметководство и предусловите за негов развој кои се врз основа на сознанијата од досегашната анализа, а воедно укажуваат на подрачјата на кои ќе треба понатаму да се работи.
Документот се наоѓа на линкот http://www.finance.gov.mk/files/u249/soki_za_troskovno_i_upavuvacko_smetkovodstvo_2.pdf.