Управата за јавни приходи информира дека просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2021 година изнесува 41.141 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2021 година.
Најниската основица за пресметка на придонесите за 2021 година изнесува 20.571,00 денари (50% од 41.141)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2021 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 658.256,00 денари (16 x 41.141)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 493.692,00 денари (12 x 41.141)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.
УЈП напоменува дека сите обврзници кои до објавувањето на овие податоци имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2021 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.
Извор: УЈП
За сега, нема даночно ослободување за ИТ индустријата...
Не требаше да има намалување на персоналниот данок за ИТ индустријата од јануари 2021?