Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2020 година.
Во соопштението од Управата за јавни приходи (УЈП) се објавени следните информации:
Најниската основица за пресметка на придонесите за 2020 година изнесува 19.160,00 денари (50% од 38.319)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 613.104,00 денари (16 x 38.319)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 459.828,00 денари (12 x 38.319)
За испраќање на пресметаните плати се користи апликацијата МПИН која треба да се преземе и ги содржи најновите информации - http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81
Извор: Управа за јавни приходи
Сите параметри и коефициенти за пресметка на плата во месецот можете да ги прегледате на линкот „Месец за плата“