Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 се следните:
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување - 18,8%
Задолжително здравствено осигурување - 7,5%
Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболувње - 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност - 1,2%
Даночно намалување
Почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:
Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на личен доход во износ од 123.240,00 денари.
Даночното намалување при исплата на данок на личен доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 10.270,00 денари (повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje).
Нова верзија на клиентскиот софтвер МПИН
За да може да се пресметуваат платите од јануари 2025, задолжително треба да се преземе новата верзија на клиентскиот софтвер (линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81). Софтверот може да се данлодира од линкот подолу.
Извор УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1082