На прес конференција од 06.03.2019, директорката на УЈП информираше за измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовинските плаќања. Со законот се пропишува законска обврска за приложување на фискална сметка кон сметката којашто се сторнира. Дополнително, се пропишува временско ограничување од 15 минути за сторнирање сметка за пијалаци и храна во ресторани, кафулиња, дискотеки и во обложувалници, како и приложување на фискалната сметка кон сметката којашто се сторнира. Исто така при издавање на фискална сметка ќе треба точно да се внесе начинот на плаќање дали сметката ќе се плати во готово или со платежна картичка. Во случај на повторување на прекршоците од страна на даночните обврзници, со измените се пропишува и забрана за вршење на дејност во деловна просторија на определен временски рок. Рекапитулар: - Задолжително прикачување на оригиналната сметка со сторно сметката - Рокот за сторно е 15 мин и важи за сторнирање сметка за пијалаци и храна во ресторани, кафулиња, дискотеки и во обложувалници - При издавање на сметка ќе мора да се наведе и начинот на плаќање дали е во готово или со картичка Извор: Управа за јавни приходи www.ujp.gov.mk
