Во фејсбук статус, заменик-министерот за економија, Кирил Колемишевски, информира дека согласно член 92, став 5 од Законот за трговските друштва, во правниот промет не е задолжителна употреба на официјален печат. Потврдувањето на кој било документ со официјален печат на друштвото не смее да се пропише со закон или друг нормативен акт или тоа да се бара од државен орган.
„Ги повикувам државните органи и институции, како и правните лица, да ја прекинат праксата со барањата од правните лица да ставаат печат во правниот промет.“ пишува Кирил Колемишевски. „Да го олесниме секојдневното работење на македонските компании со почитување на македонските закони во пракса.“