Ова е услуга на Централниот регистар што овозможува издавање на потврда изработена врз основа на службена евиденција која ја води Централниот регистар. Потврдата има информација за тековните (актуелни) податоци за субјект во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица.
Се оди на почетната страница на Централниот регистар - www.crm.com.mk.
Се избира командата за тековна состојба на субјект со кликнување на копчето Тековна состојба на субјект. Или се оди директно на адресата на оваа услуга: https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/dobijam-potvrda-ili-informatsija/delovni-podatotsi-i-potvrdi-za-subjekti/tekovna-sostojba-na-subjekt. Се појавува екран како на сликата подолу.
Се избира начинот на добивање на потврдата. Кликнете на Електронски за да добиете електронска потврда во ПДФ.
Ако не сте најавени на системот на Централниот регистер, сторете го тоа со Најави се. Ако не се регистрирани, потребно е да се регистрирате. Овие копчиња се наоѓаат горе десно.
Потоа се оди на страницата за е-Потврди - http://www.crm.com.mk/CRIS/default.aspx и се избира Ново барање. Се избираат опции како на сликата подолу.
Ако не е познат ЕМБС, се избира ЕМБГ и обратно. Откако е пополнето, се кликнува на копчето Зачувај кое е најдолу на страната. Ако е се' во ред, се прикажува кошничката со ставка дека услугата чини 256 денари - слика подолу.
Се преминува на плаќање со кликнување на копчето Плати. Откако се помине екранот за внесување на податоци за лицето кое ќе врши плаќање, се појавува страница за внесување на картичка за плаќање.
Се ставаат податоци за картичката и сигурносниот код CVV2/CVC2 и се кликнува на Потврди.
Ако уплатата е успешно изведена, се добива потврда од Централниот регистар како на сликата подолу.
По некое време, се добиваат две емаил пораки - едната дека е примена уплата, а другата порака линк од каде да се преземе бараната потврда.
За да ја подигнете потврдата (тековната состојба), се оди на страницата https://www.crm.com.mk/cris/ или на линкот што го пишува во втората емаил порака. Потоа се избира опцијата Преземање потврди.
На страницата за преземање потврди го ставате деловодниот број што го пишува во е-пораката што е испратена од Централниот регистер. Се кликнува на Барај. Види слика подолу.
Подолу на страницата се излистува листа на барања - во нашиот случај се излистува еден запис за тековна состојба. Види слика подолу.
Се кликнува на Преземи потврда и со тоа се симнува потврдата од Централниот регистер и се снима на локалниот компјутер.
Тоа е целата постапка. Со успех. 👍👌💪
Ако сте задоволни од напишаното и ако успеавте да извадите тековна состојба, ќе бидеме благодарни да добиеме бакшиш. Доволно е да се кликне на сликата за PayPal и да ставите сума која мислите дека е доволно добра. 😃
Ви благодариме. 🙏🙏🙏 Со вашата уплата ќе бидеме охрабрени да пишуваме повеќе за актуелни теми.