МСФИ објавува дека од 1 јануари 2019 година согласно член 182 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 1.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
Од 1 јуни 2019 година, оваа забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност.
Дефиниција: „Готовина“ се книжни и ковани пари кои врз основа на закон се во оптек во Република Македонија или во странска држава. (член 2 став 1 точка 15 од горенаведениот закон)
Оваа забрана за плаќање во готовина над пропишаниот износ само не се однесува на приредувачите на игри на среќа.
Казни
Според член 162 од Законот за спречување на перење на пари, глоба во износ од 30.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, ако прими готовина спротивно на членот 48 од овој закон. За наведеното дело, глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно трговецот поединец ќе му се изрече за прекршок и на одговорното лице во правното лице, односно трговецот поединец за дејствијата од ставот (1) на овој член.
Извор: МСФИ во објавата „Од 1 јануари 2019 година забрането плаќање со готовина над 1.000 евра“