Шарлот е главен град на Северна Каролина во САД и има отприлика исто жители со Скопје - околу 800.000. Тоа е град кој е формиран во 1750 година. Градот се управува од Градски Совет (City Council) - градоначалник и 11 членови на советот.
Од 1929 година, Градскиот Совет вработува професионален градски менаџер за да управува со градските оперативни политики и буџети. Градоначалникот и членовите на советот се привремени позиции, а градскиот менаџер е трајно вработување и има улога на главен оперативен директор.
Во 1991 година градот почнува да ја применува методологијата Balanced Scorecard (BSC). Секоја година се собираат сите членови на советот на одвоен Годишен собир (анг. Annual retreat). Оваа пракса датира од 1930 година. Со BSC методологијата се започнува и планирањето и развојот на долгорочните цели. Тогаш одговорните на градот ги лоцирале петте области на фокусирање кои потоа стануваат дел од градскиот скоркард (картичка на резултати).
„Нашата стратегија 'Управување според цели' (Management by Objective) не ги адресираше проблемите на разните агенции да соработуваат заеднички и стратешки“ изјавил Градскиот Манаџер Pam Syfert. „Со Balanced Scorecard успеавме.“
Денес, градот Шарлот се фокусира на следните пет фокусни области, или стратешки теми, кои се дефинирани како:
✅ Безбедност на луѓето: „Шарлот ќе биде најбезбедниот град во Америка.“
✅ Економски развој: „Шарлот ќе биде најпросперитетниот град за живот за сите граѓани преку квалитетен економски развој“
✅ Превоз: „Шарлот ќе биде премиер град во земјата за Charlotte со интегриран земен превоз и друг избор на транспорт.”
✅ Домаќинства и соседски развој: „Креирање на одлични соседства (маала) каде што живееме, работиме и си играме.“
✅ Реструктурирање на владеењето: „Градот Шарлот ќе нуди најдобри услуги со најмали трошоци“.
Во 1993 година, градот Шарлот ја реорганизира и оперативната и организациската структура. Преку повеќе различни програми на замрзнување на вработувања и предвремено пензионирање успеваат да намалат 8% од човечките ресурси (250 работни позиции).
За постапките во реализацијата на петте стратешките теми ќе пишувам повеќе во наредни објави. Повеќе за градот Шарлот на https://charlottenc.gov/Pages/Home.aspx
#стратешкименаџмент #локалнасамоуправа #balancedscorecard
Што мислите, дали е ова добар приод за градот Скопје? Слободно коментирајте подолу на објавата.
Дали знае некој колкав е бројот на вработени во град Скопје и сите други општини што го сочинуваат Скопје?