Многу често луѓето мислат дека мерењето е алатка за контрола на однесувањето и оценување на изминатите перформанси на вработените и организацијата. Всушност, Balanced Scorecard (BSC) се користи на поинаков начин.
Мерките од BSC ја артикулираат бизнис стратегијата, ја комуницираат истата и помaгаат во усогласувањето на индивидуалните, организациските и меѓу-секторските иницијативи во постигнувањете на заедничката цел. (Како подлога за овој пост може да послужи „Успешна изведба на стратегијата со Balanced Scorecard“.
Balanced Scorecard (треба да) се користи како систем за комуникација, информирање и учење, а не како систем за контрола.
Balanced Scorecard НЕ служи за контрола на работењето
Иницијално, замислата на Balanced Scorecard е да биде сеопфатна рамка која ќе овозможува на менаџерите да ги претстават стратегијата и визијата во перформансни метрики. Наместо да се следат само финансиските метрики, со Balanced Scorecard се поставуваат и следат и нефинансиски метрики или стратешки-битни метрики.
Одговор на четири основни прашања
Balanced Scorecard им овозможува на менаџерите да го гледаат работењето од четири важни перспективи. Тој дава одговори на четири основни прашања:
Како не’ гледаат клиентите? (перспектива за купувачи)
Во кои области треба да се подобриме? (перспектива за интерни процеси)
Можеме ли во континуитет да се подобруваме и да создаваме вредности? (перспектива за учење и раст)
Како изгледаме кај сопствениците и засегнатите страни (гласачи, корисници на услуги)? (финансиска перспектива)
Преку BSC се обезбедуваат информации од четири различни перспективи со што се минимизира преоптовареноста на менаџерите со стратешко-непотребни информации. Организациите ретко страдаат од премалку мерки - тие, најчесто, додаваат нови и нови мерки како кој консултант, вработен или менаџер дава некои предлози. Balanced Scorecard ги насочува менаџерите да се фокусираат на неколку, најкритични мерки.
Четирите перспективи од Balanced Scorecard, ги урамнотежуваат краткорочните и долгорочните цели, прават рамнотежа меѓу посакуваните резултати и двигателите на перформанси на тие резулатати како и меѓу потешките мерки со поблагите, поконкретни мерки.
Иако, многубројните мерки на Balanced Scorecard можат на прв поглед да изгледаат збунувачки, преку правилно направените Scorecard-и, тие имаат единствена цел, затоа што сите мерки насочуваат кон остварувањето на интегрираната стратегија.
Четири перспективи од Balanced Scorecard за посакуваната цел
Balanced Scorecard личи како шалт-таблата од еден авион - дава комплексни информации на менаџерите, на едно место, за работењето на организацијата
Финанскиска перспектива. Balanced Scorecard ја задржува финансиската перспектива, бидејќи финансиските мерки се корисни за сумирање на лесно мерливи економски последици од преземените дејствија. Мерките за финансиска успешност укажуваат на тоа дали стратегијата на фирмата, имплементацијата и извршувањето придонесуваат за подобрување на нето приходот.
Перспектива на купувач. Во оваа перспектива на Balanced Scorecard, менаџерите ги идентификуваат клиентските и пазарните сегменти во кои деловната единица ќе се натпреварува и мерките за успешност на деловната единица во овие целни сегменти. Оваа перспектива обично вклучува неколку основни или генерички мерки од успешни резултати од добро формулирана и имплементирана стратегија.
Перспектива на интерни процеси. Во перспективата на внатрешни деловни процеси, раководителите ги идентификуваат внатрешите критични процеси во кои организацијата мора да се подобри. Овие процеси овозможуваат деловната единица да ги испорача вредносните понуди кои ќе ги привлечат и задржат клиентите во целните пазарни сегменти и ќе ги задоволат очекувањата на акционерите за одличен финансиски поврат.
Перспективата на внатрешни деловни процеси открива две разлики меѓу традиционалниот пристап и пристапот на Balanced Scorecard за мерење на учинокот. Традиционалниот пристап се обидува да ги следи и подобри постоечките деловни процеси. Меѓутоа, во пристапот на Balanced Scorecard, обично се идентификуваат целосно нови процеси во кои организацијата мора да се подобри за да ги задоволи финансиските цели и целите на купувачите.
Перспектива на учење и развој. Четвртата перспектива на Balanced Scorecard за учење и развој, ја идентификува инфрастурктурата што организацијата мора да ја изгради за да создаде долгорочен раст и подобрување. Перспективите на купувачот и на внатрешните деловни процеси ги идентификуваат најкритичните фактори за моменталниот и идниот успех. Фирмите, најверојатно, не можат да ги исполнат своите долгорочни цели за купувачите и внатрешните процеси со користењена денешните технологии и можности. Исто така, интензивната глобална конкуренција бара фирмите постојано да ги подобруваат своите способности за обезбедување вредност на купувачите и акционерите/сопствениците.
Учењето и развојот во организацијата доаѓаат од три главни извори: луѓе, системи и организациони процедури. Финансиските цели, целите на купувачот и на внатрешните деловни процеси во Balanced Scorecard, обично укажуваат на големи празнини меѓу постоечките способности на луѓето, системите и процедурите и она што е потребно за постигнување на напреден учинок. За затворање на овие празнини, фирмите ќе мора да инвестираат во повторно обучување на вработените, подобрување на информационата технологија и системите и усогласување на организационите процедури и рутини. Овие цели се артикулирани во перспектива за учење и развој на Balanced Scorecard.
Пример од Balanced Scorecard
Balanced Scorecard ја преведува визијата и стратегијата во цели и мерки со помош на избалансирана збирка на перспективи. Balanced Scorecard вклучува мерки за посакувани резултати и процеси кои ќе доведуваат до посакувани резултати во иднина.
Подолу на сликата е прикажан пример за Balanced Scorecard на фирмата ECI.
...
Повеќе информации на темата за Balanced Scorecard има на линкoвите:
Повеќе за стратегија и менаџмент има на форумот за стратегија и менаџмент.
#BalancedScorecard #BSC #Стратегија #Менаџмент
Перцепцијата за успех, без оглед дали истиот е проектиран во работењето на една компанија, дали целта е индивидуален продукт или личносен проект, во случајов на Balanced Scorecard - алатката, неприкосновено е втемелена на мерливата стратегија што во себе ги интегрира без исклучок сите чинители на визијата, воедно, давајќи им еднаква важност, а незанемарувајќи ја нивната ефективност, што обично знае да биде основниот пропуст во најголемиот број на краткотрајни "успешни" и случаи на среќни околности.
Конзистентноста и вклучувањето на сите делови е тоа што BSC го прави истовремено сигурен "инструмент", но и платформа за стабилност и континуитет на една визија.
Сеопфатноста и воопштувањето на неговите делови, пак, овозможува широк спектар на применливост и пренаменување.