Balanced Scorecard е методологија за опишување на стратегијата преку стратешка мапа, мерење на стратегијата со избалансирани картички и за управување на стратегијата со методологијата Execution Premium.
Оваа работна рамка и методологија се оригинално креирани од Dr. Kaplan и Dr. Norton и објавени во реномираниот бизнис магазин Harvard Business Review. Execution Premium е методологија развиена од Palladium Group каде основачи се токму Dr. Robert Kaplan и Dr. David Norton.
Дали balanced scorecard е софтвер?
Balanced Scorecard не е софтвер туку методологија. Секако дека користењето на софтверските алатки е неопходно во изведувањето на стратегијата и користењето на методологијата. Според некои анализи, околу 90% од организациите започнале со Microsoft Excel да применуваат balanced scorecard во своето работење.
Каква е поврзаноста на Balanced Scorecard со ISO и со другите менаџмент алатки?
Balanced Scorecard не ги исклучува ISO и другите менаџмент алатки како SixSigma, HACCP, blue-ocean strategy, алатките на Michael Porter, 4P на Philip Kotler, BCG Matrix, … Напротив, со примената на Balanced Scorecard организациите ги искористуваат повеќе придобивките од другите методологии во различните фази од системот за стратешко управување.
Дали Balanced Scorecard се користи само во приватните и големи компании?
Не. Balanced Scorecard може успешно да се применува и во мали и големи организации, во државни органи, јавни фирми како и во локални самоуправи. Погледнете сликата погоре во која се наведени најуспешните имплементации на Balanced Scorecard за различни индустриски гранки и типови на организации.
Дали семинар и предавања од еден ден се доволни за да се научи Balanced Scorecard?
Секако дека не. Семинар за Balanced Scorecard е вовед и запознавање со Balanced Scorecard на Kaplan и Norton. Семинарот има за цел да ги насочи присутните во проблематиката и да им даде почетно знаење кое ќе им користи за натамошно продлабочување на знаењата преку сопствена наобразба, how-to сесии (обуки и работилници), консалтинг сесии или директно имплементирање на методологијата во својата организација.