Квалитетни анализи и корисни одлуки за креирање и изведување на победнички стратегии е речиси невозможно без пристап и користење на квалитетни податоци.
Податоците за надворешните фактори организацијата ги прибира од статистичките извештаи за земја или одреден пазар, од стопанските комори и други деловни здруженија како и од програмите на владата и локалната самоуправа. (#Статистика)
Податоците за внатрешната анализа се земаат од самиот информатички систем во организацијата. Бидејќи работат со централизирана база, системите ЕРП се направени за црпење на податоци од минатото работење на организацијата, а посовремените ЕРП системи прикажуваат и трендови кои се битни за предвидување на инднината.
За анализа на работењето, организациите се' почесто користат и софтвери за деловно разузнавање (анг. Business Intelligence или скратено BI) кои се вградени во ЕРП системите.
ЕРП системите имаат клучна улога во креирањето и изведбата на стратегијата. Тие се дел од т.н. овозможувачи на стратегијата (анг. strategy enablers).
ЕРП системите се користат при SWOT анализата во процесот на правењето на стратегија.
Мерењето на перформансите при реализацијата на претходно поставената стратегија е незамислива без користење на современи ERP системи. ЕРП системите поседуваат можности за буџетирање на трошоците, приходите, продажбите и набавките кои се споредуваат со актуелните учиноци на организацијата, тимовите и индивидуалците. Тие се основата и за BI апликациите како и за специјализираните софтвери за менаџмент на стратегиите.
Повеќе за инфраструктурата има на линковите:
ERP систем базиран на Microsoft Dynamics NAV (од оваа есен за нашиот регион како Microsoft Dynamics 365 Business Edition)
Рубрика за Dynamics NAV во форумот на Логин Системи