Ова се две различни инструкции на тренери кон своите тимови за поставување на стратешките цели. Едната инструкција е дадена на ракометен натпревар, а другата е за натпревар во НБА кошарка. На прв поглед, првото изгледа навидум подобро и поконкретно. Дали е тоа така?
Клавајте појќе голови
Секој може да цели кон повеќе голови, повеќе кошови или повеќе пари. „Клавајте појќе голови“ кажува ШТО треба да се направи за да се успее - што секако е корисна инструкција.
Проблемот со „клавајте појќе голови“ не кажува како да се стигне до целта и да се „клаваат“ голови. „Kлавајте голови“ е инструкција која не го тера тимот да смени нешто во играта за да има повеќе голови. Всушност, оваа инструкција како да го парализира тимот во исчекување дали ќе има повеќе голови на крајот - ваквите инструкции (може да) се мерат откако ќе заврши играта или периодот. Мерката се вика, историски параметар или заостанат индикатор.
Turn Down Good Shots For Great Shots
За разлика од „клавајте голови“, “Turn Down Good Shots For Great Shots“ е водечки индикатор. Тој им кажува на играчите и на тимот КАКО да постигнуваат повеќе кошеви. Тренерот им вели: не ги користете добрите позиции за шутирање туку креирајте одлични позиции за шут. Ова е инструкција која ги води играчите да преземат чекори со кои ќе создаваат подобри услови за шутирање кон кошот. А како се создаваат одлични позиции? Кога топката се движи од еден играч до друг и со тоа се пореметува одбраната - и одеднаш еден играч е слободен да шутира. Подобри услови за шутирање значи повеќе кошеви. Повеќе кошеви значи поголеми изгледи за победа.
Како пример за историскиот параметар и водечкиот индикатор некои експерти го даваат возењето автомомобил - водечки индикатор е гледањето напред во шофершајбната за да се осознае патот пред тебе. Историски параметар е гледањето во ретровизор и го гледаш патот што си го поминал.
🔶 Повеќе за историски показатели и водечки индикатори во постот Историски показатели или водечки индикатори?.
Исходот во двата случаи
И двата параметри се битни. Всушнот максимални резултати се постигнуваат ако се во спрега. Сепак, многу потешко е да се дефинира водечки индикатор отколку историски параметар. Но и реултатите се различни и го наградуваат трудот на тој што дефинирал водечки индикатор.
Во случајот со „клавајте голови“, ракометниот тим изгуби.
Во случајот со екипата која имаше дефинирано водечки индикатор, не само што победи на тој натпревар во НБА туку во последните десетина натпревари е најдобар во лигата во проценти на постигнати кошеви од далечина и е во врвот на најефикасни екипи во лигата. При тоа се срушени повеќе рекорди на самата екипа во победи и проценти на уфрлени тројки. Една навидум мала инструкција го смени приодот кон играта и постави основи за натамошни победи.
Што треба правиме за да имаме подобри резултати?
Можеби секој од нас треба да помисли на овие два индикатори кога креира стратегија или поставува стратешки цели. Ова посебно важи за нашите политичари: кога кажуваат некоја цел, не е доволно само да се каже ШТО ќе биде целта (плата од 500 евра, на пример) туку е потребно да постават за цел КАКО ќе стигнат до целта. И секако да ја мерат изведбата на стратегијата преку заостанатиот и водечкиот индикатор.
#мерењеперформанси #стратешкицели #стратегија
Иницијално, постот го напишав на фејсбук страната, а се инспирирав од статијата The Clippers' New Motto: Turn Down Good Shots For Great Shots.