Зошто менаџментот на перформансите (анг. Performance Management) е толку важен?
Енди Нили, светски авторитет за перформансен менаџмент, вели дека проблемот со менаџментот на перформансите кај компаниите е дека тој или не постои или се сведува само на следење на финансиските метрики (показатели). И најчесто следењето е фокусирано на историските податоци. Според Енди, ако се излистаат петте метрики кои добиваат најмногу внимание во бизнисот:
Дали некоја од метриките е не-финансиска?
Дали некоја од нив помага да се предвиди што би можело да се случи со бизнисот во иднина?
Или тие само едноставно овозможуваат да се согледа што се случило минатата седмица, минатиот месес или евентуално минатата година?
Ако ја земеме како метрика продажбата. Како може да се користи оваа метрика за да се води бизнисот? Да речеме дека продажбата била помала за 200.000 денари изминатиот месец во однос на планираното. Како мерењето на овој учинок може да ја врати компанијата на правиот пат односно на исполнување на планираното? Како може да помогне во одредувањето што да се прави следно?
Одговорот е дека не може. Иако продажбата е корисен индикатор и како таков секој бизнис треба да го има, продажбата дава само информација каков бил учинокот минатата седмица, или минатиот месец или година. Метриката за продажба може да се користи за мотивирање на вработените, но сепак оваа метрика кажува само за историјата. За нешто што се случило. Ако треба да се има метрика таква што ќе биде индикатор за предвидување на продажбата до крајот на месецот, тогаш е потребно да се мониторираат доставените понуди до потенцијалните купувачи или барањата за понуди што се добиваат.
Традиционално, менаџментот на перформансите се гледа како начин за следење на перформансите, проверка на напредокот и откривање на областите на кои треба да се посвети повеќе внимание (види слика долу).
Поконкретно може да се види на постот за Четири перспективи на бизнисот.
#Менаџмент #BalancedScorecard