Во овој пост кусо ќе анализирам како изгледа планот за одбрана на Министерството за одбрана на Велика Британија за периодот од 2008 до 2012 предложен од Министерот и презентиран во Британскиот парламент. Целосниот документ е поставен како линк на крајот од постот.
Карактеристика на планот за одбрана на Велика Британија е тоа што се користи општо-прифатена методологија за стратегија и изведба на стратегија оригинално поставена од Др. Каплан и Др. Нортон - Balanced Scorecard. Методологијата Balanced Scorecard како методологија наоѓа широка примена во бизнисот и во владата.
Balanced Scorecard е методологија за опишување на стратегијата преку стратешка мапа, мерење на стратегијата со избалансирани картички и за управување на стратегијата со методологијата Execution Premium.
Планот на Велика Британија започнува со основата на секоја организација, а тоа е причината или целта за постоење. Мисијата или причината за постоење е всушност првата реченица/елемент во секоја стратегија на било која организација било приватна било јавна или владина.
Целта на Одбраната на Велика Британија: Да се овозможи безбедност на луѓето што живеат во Велика Британија и на териториите надвор од ВБ преку нивна заштита вклучувајќи и заштита од тероризам, да се дејствува како сила за добри работи преку зацврснување на меѓународниот мир и стабилност.
Од мисијата се оди на опишување на стратешкиот контекст и тука се поставуваат стратешките цели и смерници.
Во глава два се даваат информации за управувањето со стратегијата преку организација, менаџмент со перформансите и ризиците.
Во глава три се опишува стратегијата со помош на стратешка мапа и истата потоа се разложува во конкретни перформансни мерки преточени во Balanced Scorecard. За полесно да се опише стратегијата, да се прикажат причинско-последичните врски и потоа полесно да се преточи во мерливи цели, Министерството ја опишува стратегијата преку четири перспективи:
Цел/намена,
Ресурси,
Процеси, и
Иднина
(види слика долу).
Оваа стратешка мапа и четирите перспективи од Balanced Scorecard се креирани врз база на три главни стратешки цели и тоа:
(1) Да се одбранат/заштитат интересите на Велика Британија,
(2) зацврснување на меѓународниот мир и стабилност и
(3) Министерството да биде сила за доброто во светот.
Овие три елементи спред методологијата Balanced Scorecard може да се третираат и како стратешки теми околу кои ќе се организираат активностите и ќе се мерат резултатите.
Кај секој сериозен стратешки план, за да може да се изведува ефикасно, разработката на стратегијата зафаќа најголем дел од документот. Тука се ставени и перформансните метрики за секоја цел во рамките на перспективата.
Буџетот е на крај. Во глава четири и е на една страница (види слика подолу).
Постапката во креирањето и изведбата на стратешкиот план може да се претстави во следните чекори како што е на сликата подолу.
Во Македонија
Многу организации и фирми ја прават основната грешка – наместо стратегијата да го одредува буџетот, тие ја одредуваат стратегијата исклучиво врз основа на буџетот. „Тепачките“ во парламентот на Македонија не се за тоа дали одредено министерство има добар план и стратегија за да се задоволат барањата на граѓаните и бизнисите туку дали буџетот е голем или мал.
Целиот план за одбрана на Велика Британија за периодот од 2008 до 2012 го има во PDF на линкот тука ...
#BalancedScorecard #Стратегија #Изведба
Да те потсетам на предавањето за Balanced Scorecard што го одржа во 2014та...