Мисија е куса изјава, обично една или две реченици, која дефинира зошто постои организацијата. Мисијата треба да ја опише фундаменталната причина за постоење на еден ентитет (фирма или институција), а особено што тој ентитет им нуди на купувачите и клиентите.
Изјавата за мисија дава одговор на прашањето: Што е нашата цел? Што правиме? Зошто постоиме?
Изјавата за мисија треба да ги информира менаџерите и вработените за главната цел зошто се здружиле за да продолжат да работат заедно.
( *** анг. Mission Statement is a brief statement, typically one or two sentences, that defines why the organization exists. The mission should describe the fundamental purpose of the entity, especially what it offers to its customers and clients. It answers the questions: What is our purpose? What do we do? The mission statement should inform executives and employees about overall goal they have come together to pursue. *** )