Овој пост е инспириран од светски признатиот гуру за водење на промени - John Kotter. Тој во својот бестселер „Leading Change“ (водење промени) издвојува осум чекори за предводење на промени во било која компанија, организација или држава.
1 Воспоставување сенс за ургентност
Прво се истражуваат пазарните реалности и состојбите со конкуренцијата. Потоа се препознаваат кризните состојби и се дискутираат истите, се предвидуваат потенцијалните кризи и покрупните можности.
2 Се креира силна предводничка коалиција
Се составува група со доволно моќ и овластувања за да ги предводи заложбите за промени и се охрабрува истата да работи заедно како тим.
3 Креирање на визија
Со креирањето на визија се помага да се насочат заложбите за промени. Потоа се развиваат стратегии за остварување на оваа визија.
4 Комуницирање на визијата
Се користи секој можен начин/техника за да се комуницира новата визија и стратегиите. Се учат другите на нови однесувања, а водечката коалиција раководи преку свој пример (анг. lead by example).
5 Поттикнување другите да дејствуваат на визијата
За да има промени, се пристапува кон ослободување од пречките за промени. Се прават промени на системите или структурите кои сериозно ја поткопуваат визијата.
Се охрабруваат луѓето да се преземаат ризици и да се применуваат нетрадиционални идеи, активности и дејствувања.
6 Планирање и креирање на победи на кус рок
Во оваа фаза се прави планирање за видливи подобрувања во перформансите во кус рок. Потоа се креираат тие подобрувања. За да успеат намерите, се препознаваат и наградуваат вработените кои активно се вклучени во подобрувањата.
7 Консолидирање на подобрувањата и генерирање на уште повеќе промени
Се користи зголемен кредибилитет за да се променат системите, структурите и полисите што не се вклопуваат во визијата. Важно е да се ангажираат, промовираат и развиваат вработените кои ќе ја имплементираат визијата. Процесот повторно се актуелизира и поттикнува со нови проекти, теми и агенти за промена.
8 Институционализирање на новите приоди
Во оваа фаза се артикулираат врските помеѓу новите однесувања и организацискиот успех. Исто така се развиваат начини и средства за да се осигура натамошен развој на лидерството и обезбеди негово наследување.
Легендарниот CEO на General Electric за неопходноста на промените:
Aко стапката на надворешни промени ги надминува внатрешните промени, тогаш крајот е блиску.