Во овој пост ќе го презентирам примерот со мерење на трошоците на медицинска сестра при работа со пациенти кадешто ќе користам податоци кои повеќе одговараат на македонските услови. Исто така на крајот од овој пост поставувам линк за урнек во Excel за пресметка на цена на чинење на ресурс.
Како извор за мојот пост ќе ја употребам статијата „Како да се реши трошковната криза во здравството“ подготвена од светски познатите експерти и професори од Харвард, Роберт Каплан и Мајкл Портер и издадена во Harvard Business Review во септември 2011 (линк тука). Тие пишуваат за проблемот со рапидното зголемување на трошоците во здравството во САД. Според нив, за да се реши кризата потребно е да се смени начинот на точно мерење на трошоците и нивно споредување со резултатите. При анализите за мерење на трошоците, Каплан и Портер даваат пример за одредување на цена на чинење на една медицинска сестра во клинички центар. Ваквата калкулација може да се употреби за било кој вработен како ресурс во изведувањето на активности поврзани со купувачите или пациентите.
Според Каплан и Портер, обично пресметката за цена на чинење на вработен или ресурс се однесува на износ во пари за еден час или минута. Карактеристично за пресметката на чинењето е што се земаат работните часови за вработениот или ресурсот што се расположиви за работа со купувач или пациент. Основната формула изгледа како на сликата подолу.
Под издатоци се подразбираат сите трошоци кои се поврзани со ресурсот во работата со купувачот или пациентот. Такви се компензациониот пакет на вработениот во кој е вклучена нето платата и соодветните давачки за плата, дополнителни исплаќања на вработениот како награди, хранарина и други придобивки за вработениот. Потоа се додаваат трошоците за обавување на примарната дејност на вработениот какви што се кирија за просторот, компјутерска и телекомуникациска опрема, мебел и друга опрема, и супервизија (менаџмент) на вработениот. Овде може да се стават сите заеднички трошоци на организацијата претходно распределени на сите вработени и ресурси кои обавуваат дејност директно со купувачот или пациентот.
Трошокот за супервизија се одредува врз основа на тоа колку вработени надгледува менаџерот и неговите вкупни трошоци. Трошоците за простор се одредуваат врз основа на просторот што го користи вработениот или ресурсот во обавување на активностите. На сличен начин е и кај компјутерската и другата опрема. На следната слика е даден пример:
Откако ќе се пресметаат трошоците, потребно е да се пресметаат бројот на расположиви работни часови во работата со купувачот или пациентот – делителот од формулата погоре. Оваа пресметка започнува од бројот на денови во текот на годината и се одзема времето кое вработениот не е расположив за работа. Пресметката е дадена подолу.
Според пресметката излегува дека една Медицинска сестра е расположива за пациенти 115,9 часови во текот на месецот. Ако месечниот трошок во износ од 1.190 евра се подели со месечниот капацитет од 115,9 часови се добива стапката на трошок на капацитетот на Медицинската сестра: 10,3 евра од час.
Слични калкулации може да се направат за другите членови од тимот во кој припаѓа медицинската сестра. Исто така оваа калкулација како урнек може да се искористи за било која друга индустрија.
Корисни информации и линкови
За калкулација на давачки на плата може да се користи бесплатниот веб калкулатор на Логин Системи на линкот www.erp.mk/plati.
Урнекот за пресметка на износ на чинење на ресурс во Excel може да го преземете тука ...
Повеќе постови на форумот од Венко Глигоров има на линкот https://www.loginsystems.biz/members/venko-gligorov/forum-posts.
Кратенката ERP содржи во себе планирање на ресурсите. Софтверите што вклучуваат работа со ресурси се нарекуваат ЕРП софтвери. Повеќе на темата има во блог-постот Дали има Ресурси за да се вика ERP софтвер?