Создавањето на стратегијата и неговата имплементација треба да се земат како еден процес во кој еден сет од активности ги трансформира влезовите во излези.

Создавањето на стратегијата тргнува од мисијата на организацијата која ја одредува целта за која постои за своите сопственици и купувачи (за мисија види тука). Врз основа на мисијата, врвните менаџери на организацијата поставуваат мерливи цели за остварување на визијата на организацијата (за визија види тука).

Самото создавање на страгегијата се прави со претходна длабинска анализа на внатрешната и надворешната средина кои влијаат на работењето на организацијата.
Од овие анализи, од менаџментот имаат можност да ги извлечат најважните приоритети за кои организацијата треба да ги адресира за да биде успешна на подолг рок. За секој приоритет, од деловните единици и тимовите се бара да да креираат акциски планови. Со креирањето на акциските планови се прочистуваат и стратешките цели и насоката на движење на организацијата (за стратешка дестинација види тука).
Вклучувањето на оперативните тимови во стратешкото планирање е добра пракса за успешно изведување на страгегијата. Всушност, тимовите се тие кои поседуваат лидерство, луѓе и вештини за изведбата на стратегијата.
При креирањето на стратегијата се прават стратешки одлуки кои се појавуваат при процесот на анализата на надворешните фактори и внатрешните способности на организацијата. За ваквите анализи најчесто се користи алатката SWOT анализа (анг. Strеngths, Weaknesess, Opportunities, Threats).
Врз основа на SWOT анализата, организацијата треба да одлучи за типот на стратегија што ќе ја користи. Според Портер, постојат 4 генерички типови на стратегија: (1) лидерство со ниски-трошоци, (2) диференцијација преку производ/услуга, (3) релации со купувачи, и (4) мрежен ефект. Голема е веројатноста еден од овие типови или варијација од нив, да биде погодна за организацијата за да опслужи некој пазарен сегмент профитабилно.
Повеќе за стратегија има на овој форум или во блогот "Стратегија".