Верувајќи дека изведбата на стратегијата е витален континуиран процес што секоја организација мора да ја владее за да ја реализира стратегијата и оствари соодветната визија, Dr. Kaplan и Dr. Norton ја креираат работната рамка Balanced Scorecard. Истата за прв пат ја објавуваат во реномираниот бизнис магазин Harvard Business Review.
На највисоко концептуално ниво, Balanced Scorecard е методологија која помага на организациите да ја преведат стратегијата во оперативни цели што ги насочуваат однесувањата и ги подобруваат перформансите во организациите.
Balanced Scorecard е методологија за опишување на стратегијата преку стратешка мапа, мерење на стратегијата со избалансирани картички и за управување на стратегијата со методологијата Execution Premium.
Според Каплан и Нортон, за извонредни резултати е потребна изведба на стратегијата и тоа се прави со:
Опишување на стратегијата со стратешка мапа
Мерење на стратегијата со Balanced Scorecard
Менаџирање на стратегијата со Execution Premium (за да се постане Strategy Focused Organization)
Стратешка мапа
Стратешката мапа и’ овозможува на организацијата да ги опише и илустрира целите, иницијативите и таргетите, метриките за да се постигне одредено ниво на перформанси како и врските што се неопходни за стигнување до стратешкото одредиште.
Balanced Scorecard
Иницијално, замислата на Balanced Scorecard е да биде сеопфатна рамка која ќе овозможува на менаџерите да ги претстават стратегијата и визијата во перформансни метрики. Наместо да се следат само финансиските метрики, со Balanced Scorecard се поставуваат и следат и нефинансиски метрики или стратешки-битни метрики. Така според Balanced Scorecard, перформансните метрики се групираат во четири взаемно поврзани перспективи и тоа:
Финансиска перспектива
Перспектива за купувачите
Перспектива за интерните процеси и операции
Перспектива за учење и раст
Стратешко-ориентирана Организација
Основни принципи на стратешко-ориентирана организација (1) мобилизирање на промени преку извршно лидерство, (2) преведување на стратегијата во оперативни термини, (3) поврзување на организацијата со стратегијата, (4) Мотивирање на вработените стратегијата да биде работа на секој во фирмата, (5) управување за стратегијата да биде континуиран процес.
При работењето со стотици организации во светот и користејќи ја работата на Каплан/Нортон, Паладиум го разви Palladium Execution Premium Process (XPP) – тоа е докажана работна рамка за организациите кои остваруваат високи перформанси со приод на затворен циклус во изведбата на стратегијата.
Шесте фази од XPP се:
Развој на стратегија
Преведување на стратегија
Поврзување со организацијата
Планирање на операциите
Следење и учење
Тестирање и адаптирање
Слика:Palladium Execution Premium Process™ (XPP)
Зошто е Balanced Scorecard посебен?
Тој се издвојува според четири посебни карактеристики:
1. Одраз на мисијата и стратегијата на организацијата одгоре-надолу. Спротивно на Balanced Scorecard, повеќето компании ги следат метриките оддолу нагоре и истите произлегуваат од некакви локални активности или ад хок процеси со што често се ирелевантни на целокупната стратегија.
2. Далекувидност. Balanced Scorecard го адресира моменталниот успех но и евентуалниот иден успех. Традиционалните финансиски метрики опишуваат како компанијата работела во последниот извештаен период – без укажување на тоа како менаџерите можат да ги подобрат перформансите во следниот извештаен период.
3. Интеграција на надворешни и внатрешни метрики. Тоа им помага на менаџерите да увидат каде во минатото направиле компромис меѓу перформансните метрики и да им помогне да се обезбедат дека успехот една метрика во иднина не доаѓа на на сметка на друга метрика.
4. Фокусирање. Многу компаниии следат повеќе метрики отколку што можат да користат. Од друга страна, методологијата на Balanced Scorecard бара од менаџерите да постигнат согласност за оние метрики кои се најкритични за успехот на стратегијата на организацијата. Обично се доволни петнаесет до дваесет различни метрики, а секоја метрика е наменета за соодветен оддел од организацијата.
Методологијата Balanced Scorecard може да ја користат и големи и мали фирми, приватни и јавни организации, министерства, болници и невладини организации.
Организации што користат Balanced Scorecard
Многу познати светски фирми и организации (вклучително и министерства и влади на држави) користат Kaplan-Norton balanced scorecard во своето работење.
На линкот тука има одговори на најчесто поставуваните прашања за Balanced Scorecard.
Повеќе теми за стратегија, менаџмент и balanced scorecard има на форумот тука.
Повеќе постови на Венко Глигоров на форумот има на линкот https://www.loginsystems.biz/members/venko-gligorov/forum-posts.
Кликни лајк или сподели го постот ако ти се допадна. Тенкс. :)
#BalancedScorecard #Стратегија