Ако сакате да си го подобрите менаџирањето на времето, алатките какви што се мобилни телефони со апликации за менаџмент на време, алатките како Outlook и Gmail, разните организатори на времетото се корисни но недоволно ефикасни. Сепак, тие не прават голема разлика во самата организација на времето.
Во книгата „First Things First“, Stephen Kovey, R. Roger Merrill и Rebecca Merrill нудат решение за менаџирање на времето, кое ако стане навика, помага за постигнување на ефикасност преку усогласување на лицето со „Првите работи“ (најбитните работи).
Авторите користат аналогија со „часовник“ и „компас“. Поентата е да се открие кои се вистинските ролји и принципи што овозможуваат „вистински-север“ (како термин за успех) и референца во одлучувањето кои активности се најважни. Па така, наместо да се гледа на „часовникот“ заради распределба на задачите, се гледа на „компасот“ за да се одредат целите и вредностите.
Кови ја опишува рамката за одредување на приоритети во работата кои се однесуваат на долгорочни цели на товар на задачите кои се појавуваат како итни, но во суштина истите се помалку важни. Тој ја користи методата на Eisenhower за категоризација на задачите на ургентни и на важни, при што секогаш ургентните задачи не се и важни. Така се креира матрица од 2 x 2 во која важните работи не мора да се итни, како и итните работи не мора да значи дека се важни.
Важните работи (може да) се различни за секоја индивидуа посебно, Тоа се неколку клучни приоритети и ролји кои може да се разглобат на помали цели за секоја ролја.
Наредното видео може да ви даде убав пример што значи распоред на задачите за да се постигнат очекуваните резултати.
Повеќе од Кови:
Видео: Гол! - значењето на стратешките цели во организациите
Видео: Три константи при глобални промени познати како перманентни бели води