Компаниите и организациите се соочуваат со бројни предизвици во последните десетина и повеќе години. Според Стивен Кови (анг. Stephen R. Covey), авторот на неколку бестселери, во својата книга „8мата навика од ефективност до greatness“ издвојува 7 сеизмички поместувања во работењето.
Глобализација на пазарите и технологиите
Продорот на универзалната поврзаност
Демократизација на информацијата/очекувањата
Експоненцијален пораст на конкуренцијата
Придвижувања во делот на создавање на богатство преку Интелектуален и социјален капитал наместо од Финансиски капитал
Слободна агентура (слободен пазар на фриленсери)
Перманентна бела вода
Ваквата состојба на пазарите не може да се решава со традиционалните методи на менаџирање. Времињата се турбулентни и одговорот на организацијата не може да биде секогаш ист и непроменлив.
Според Кови, кога ќе се поклопат предизвикот и одговорот од организацијата - тоа се вика „успех“. Но кога веднаш потоа доаѓа до нов и поголем предизвик, сите претходни успешни мерки, методи и процеси - не се толку применливи. Предизвиците не само што се менуваат туку се менуваат и зголемена брзина. Одговорот на новите предизвици мора да се менува.
Трите константи
Во перманентите турбулентни времиња, секој треба да биде запознат со намерите на организацијата, кои се принципите на работење ... Следствено, ако има промени и постојат принципи на работење, вработените може да прават избор како ќе реагираат на промените.
Трите константи според Стивен Кови се: (1) промени, (2) принципи и (3) избор.
Погледнете го видеото припремено од Стив Кови и додадено како ДВД во неговата книга „8мата навика“. Во последните 15на години, ова видео го прикажував на речиси сите мои сесии поврзани со менаџментот и стратегијата. Беше одлично прифатено.
Видео: Перманентни бели води
За принципите
Принципите се моќна работа. Некои од организациите во светот својата стратегија ја сведуваат на еден стратешки принцип. Повеќе за стратешките принципи има на линкот „Поим: Стратешки принцип“.