Препорачај го Microsoft Dynamics 365 Business Central и заработи 10% од лиценците
Три чекори до заработка
1.
Наоѓаш фирма или организација која има потреба од модерен сметководствен систем
2.
Го пополнуваш формуларот подолу за да ја контактираме фирмата и да понудиме Microsoft Dynamics NAV
3.
Ако фирмата одлучи да земе Dynamics NAV од Логин Системи, тогаш пресметуваме износ од 10% и ја реализираме соработката.
Услови
Право на продажен надоместок
Правното или физичкото лице може да го искористи правото на продажен надоместок (провизија) ако препорача фирма која не почнала постапка за набавка со Логин Системи или некој друг не ја препорачал истата фирма.
Начин на препорака
Препорачувањето на фирмата се признава само ако се пополни онлајн образецот што се наоѓа на оваа страница.
Кој има право да учествува
Препорака може да даде било кое правно или физичко лице кое не е поврзано со Логин Системи или Microsoft или со фирмата што е предмет на препораката. Под поврзаност се подразбира вработен во Логин Системи, Microsoft, или фирмата што се препорачува, како и сите фирми и организации што се сопственички поврзани со горенаведените фирми.
Пресметување на продажен надоместок
Продажниот надоместок изнесува 10%, а пресметката на продажниот надоместок се прави на износот на лиценците за Microsoft Dynamics NAV и на дополнувањата на Логин Системи што ќе ги набави фирмата што се препорачува. Во случај препорачаната фирма да набави месечна претплата, провизијата од 10% се пресметува на годишниот износ на претплата на лиценците.
Исплата на продажен надоместок
Во случај препорачаната фирма да се одлучи за набавка на Microsoft Dynamics NAV од Логин Системи, Логин Системи го известува лицето што препорачало. По известувањето, лицето што препорачува е потребно да достави инструмент за плаќање до Логин Системи во рок од 30 денови, а рокот за плаќање да не биде помал од 30 денови.
Ограничувања
Лицето што препорачува се стекнува со право за исплата на продажен надоместок ако препорачаната фирма набави лиценци во рок од 4 месеци од денот на препораката.