Dynamics NAV / 365 Business Central - Functional Requirements Document (1-Week)
Подлабок ангажман на Логин Системи за да се утврдат барањата и да се направи преглед на процесите во организацијата. Во рок од една седмица ќе се организира работилница, ќе се опфатат подетални интервјуа по оддели во фирмата, и ќе се изработи документ со Функционални барања.
Во процесот ќе се оди според познатата проектна методологија Microsoft Dynamics SureStep.
АГЕНДА И ЦЕЛИ
- Да се потврди дека процесите и барањата може да се имплементираат со Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central
- Да се утврдат ризичните области кадешто специфичните барања на корисникот не се подудараат со функционалностите на Dynamics NAV / 365 Business Central
- Да се постигне доверба во изборот на решението пред да се тргне во поскапите фази од имплементацијата
ИСПОРАКИ
- Документ „Функционални барања“ кој ќе ги вклучува сите наоди поврзани со целосната стратегија, функционалностите, миграцијата на податоците, тренингот и евентуалните интеграции со други системи/процеси потребни за новото ЕРП решение
- Груба проценка за чинењето на лиценцирањето на Dynamics NAV / 365 Business Central и услугите потребни за поставување на ERP решението во вашата организација
Областите кои ќе бидат покриени се во доментот на Dynamics NAV Starter Pack односно Dynamics 365 Business Central Essentials. Тоа значи дека вклучува сметководство и финансиски менаџмент, продажба, набавки и магацинско работење
УСЛОВИ
Во износот не се вклучени евентуалните дополнителни трошоци за патување, сместување, материјали и слично ако надминуваат износ од 50 евра.
Ако корисникот се определи за имплементација на ЕРП решение од Логин Системи, Логин Системи ќе го рефундира износот од котизацијата на оваа услуга од вкупниот износ на имплементацијата на Dynamics NAV / 365 Business Central.
Во износот на оваа услуга не е пресметан ДДВ од 18% кој се додава на износот при фактурирање.