Chart of Accounts
for the accounting in Macedonia
01
МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА
2.На сметките од групата 01 - Материјални средства, се евидентираат материјалните средства кои се признаваат и вреднуваат во согласност со МСС 16, МСС 17, МСС 36, МСС 41 и други релевантни МСФИ и во согласност со одделите 17, 20, 27 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.
010
Земјишта
На сметката 010 – Земјишта, се евидентира градежното земјиште без градежни објекти; земјиштето под градежните објекти; земјиштето за експлоатација на камен, глина, чакал, песок; земјиштето за експлоатација на руда, шумското земјиште, земјоделското земјиште; земјиштето под повеќегодишните насади, парковите и слично; земјиштето под сообраќајниците, дворовите, паркинзите; земјиштето за депонии; чистото необработено и незасадено земјиште и камењари; подобрување на земјиштето, како вложувања во одводнување, уредување на пристап и слично.
011
Градежни објекти
На сметката 011- Градежни објекти, се евидентираат административните згради, фабричките згради, халите и работилниците, зградите на хотели, мотели, ресторани, продавниците, складиштата, силосите, стакленици, сушални, ладилници, монтажни згради, бараки, мостови, дрвени конструкции, огради, спортски терени, стадиони, спортски сали, базени, рибници, паркинзи, надвозници, железнички пруги, мостови, тунели, вијадукти, цевководи, канали, далеководи, жичарници, градежни објекти вон употреба и за останати неспомнати градежни објекти.
012
Постројки и опрема
На сметката 012 - Постројки и опрема, се евидентираат постројките за обработка и преработка, техничките постројки, погонските мотори, платформите, машините, енергетските постројки, постројките за разладување, постројките за пренос, мелничарски постројки, постројки за пакување и амбалажа, постројките вон употреба, опремата за производство и промет, канцелариската опрема, телекомуникациската опрема, компјутерите, опремата за продавници, опремата за угостителските објекти, за хотелите и слично, опремата за сервисирање, земјоделската опрема, опремата за градежништво, опрема за заштита при работа и за противпожарна заштита, опремата вон употреба и останатите неспомнати постројки и опрема.
013
Алат, погонски и канцелариски инвентар, мебел и транспортни средства
На сметката 013 - Алат, погонски и канцелариски инвентар, мебел и транспортни средства, се евидентираат алатите, мерните и контролни инструменти и прибор, аудио и видео апаратите, камерите, светлечки реклами, погонскиот инвентар и магацинскиот инвентар, канцеларискиот инвентар, мебелот, угостителскиот и хотелскиот инвентар, патничките возила, товарните возила, влечните возила, приклучните транспортни средства (приколки), автобусите, авионите, пловните објекти, велосипедите, моторите и слично.
014
Биолошки средства
На сметката 014 - Биолошки средства, се евидентираат повеќегодишните насади шуми, овоштарници, насади со винова лоза, паркови, зеленило, садници и слично), основното стадо кое се користи како работна и приплодна стока (добиток, живина, риби, пчелини семејства и слично) и останатите неспомнати животни (птици, кучиња и друго). На оваа сметка не се евидентира основното стадо во гоење и кое е наменето за продажба.
015
Останати материјални средства
На сметката 015 - Останати материјални средства се евидентираат делата на ликовна, вајарска, филмска и друга уметност, предмети со музејска вредност, споменици на културата, книги, фотографии, олдтајмери, архивски предмети, макети, вложувања во туѓи недвижности, постројки и опрема и други неспомнати материјални средства.