Пред 13 години почна мојата приказна со меѓународните стандарди. Како нова дејност, многу работи беа нејасни, многу работи недоречени.
Денес после толку години работни искуство, сфаќам дека мојот работен повик е дејност на денешницата. Во ерата на глобализацијата, меѓународните стандарди се економскиот пасош што отвара многу пазари за македонските компании.
Како компанијата секогаш воведуваме новини, го донесовме Halal, Kosher,V label.. Бев избрана за Жена Менаџер 2010 година, добивме пофалници од клиентите, не избраа за Коректна фирма за 2018 година.
Преку 700 клиенти, преку 70 стандарди, и многу нови предизвици.
Чекор по чекор, заедно со клиентите,поминавме многу километри, освоивме многу пазари, светот го запознавме и го натеравме да го препознае македонскиот квалитет. На компаниите кои делуваат во рамките на Македонија, им ги пренесуваме светските искуства, ги насочуваме да делуваат локално, да размислуваат глобално. Градиме македонски квалитет, култура на соработка и сигурно чекориме напред.
Совет
Делувај, делата најмногу тежат на временската вага. Јас никогаш не размишљам два пати :)) одма делувам.
@Александра Марковска пост на фејсбук ...