Ми пиша порака едно типче. Добивам пораки од убави чувеци секој ден ама овој случај има посебно наравоучение
Вака некако беше думата...
Дизајнер е типот
Сакал да напушти работа.
.... И да си основа свој бизнис.
Еми убаво..
Неговата логика е дека вака коа работи за друг добива далеку помала плата а вака ко ќе си најде сам клиенти, повеќе пари ќе си има за него
И на крајот резимира со – "Ко ќе си изградам име за себеси постепено ќе биде полесно. "
Му реков немој. Не си го растурај животот жити мене. Не напуштај работа.
ЛЕКЦИЈА БРОЈ 0
✅ Универзално правило пред да почнеш свој бизнис – осигурај дека имаш доволно заштеди да те крпат една година.
Не го прашав типот за ова пошто во неговиот случај има уште неколку други проблематични поенти.
Малку ко да нема пресметано кост-бенефит анализа за потегот. Да, ко ќе си тргаш сам по свои клиенти повеќе заработка дефинитивно. Но ќе бидеш и повеќе зафатен.
Моментално негова задача е само да дизајнира. Но типичен дизајнерски проект има далеку повеќе фази пред и после актот на дизајнирање. Да стапиш во контакт со клиент. Па да го убедиш. Па да дефинирате рокови, проектен менаџмент Scope of Work и уште десетици други ситници.
Моментално нашиот дизајнер се' што прави е да дизајнира. Но откако ќе фати сам да го тера занаетот ќе мора да биде ем креативно лице ем business lead. Двата профила се тотално различни..
... ќе мора да биде ем креативно лице ем business lead. Двата профила се тотално различни..
И не само тоа – Вели "Постепено ќе си изградам име за себе....."
Сме слушнале за познат графички дизајнер? Ај подумај се 2-3 секунди, ако не ти доаѓа ни едно име на ум, епа тоа е тоа. Имаат бренд музичари, политичари, автори, бизнисмени – но не графички дизајнери.
Но гледај сега, може нема познати имиња позади графички дизајнер но и тоа како има популарни брендови – на дизајнерски платформи – Behance, Dribble, Canva, 99Designs....
Тврт Милојкооооо... Не ти кажува тоа нешто?
Може типот сака да каже дека ќе фати 3-4 клиенти па они цело време ќе му носат повторлив бизнис па ќе му препорачаат други клиенти.
И пак имаме проблем со резонирање. Типот само си прави инкрементална промена.
Од една страна ќе направи огромна промена на животен стил која од друга страна ќе придонесе само за маргинално подобрување на неговите околности – за 1/3 повисоки примања како што рече погоре.
ЛЕКЦИЈА 1
✅ Коа почнуваш бизнис, патешествие кое дефинитивно ќе ти го зезне животот на еден или на друг начин, осигурај барем дека го правиш тоа со експоненцијален потенцијален бенефит – а не за да си ги подобриш приходите – за третина.
Му реков остави брат, ќе се заебеш.
Да кажеше типот оставам да бидам дизајнер за друг, идам соло и планирам да изградам платформа за дизајнери, така и така.
А тој ќе се стори соло претприемач во своја фирма во која пак доминантниот инпут ќе зависи од него. Затоа велам платформа.
ЛЕКЦИЈА БР 2
✅ Не почнувај бизнис ако тој бизнис не поседува потенцијал да биде платформ-изиран. Што ти значи тоа? Да му поставиш подлога од софтвер и процеси кои ќе го растат бизнисот независно од твојот директен материјален инпут.
Што значи денес да работиш за друг а утре да почнеш бизнис? Тоа значи дека денес си работник а утре си бизнисмен. Двете се дијаметрално спротивно, како исток и запад.
Што прави типот? Денес е работник а утре ќе почне бизнис во кој повторно ќе биде работник. Не почнуваш бизнис за да повторно бидеш работник. Почнуваш бизнис за да бидеш бизнисмен. Денот кога ќе почнеш бизнис е денот кога ќе мораш да го убиеш дизајнерот во себе. Или си дизајнер или си бизнисмен. Никаде не стигнуваш ако почнеш бизнис со моделот на размислување на работник.
Никаде не стигнуваш ако почнеш бизнис со моделот на размислување на работник.
Што значи бизнис? Што значи добар бизнисмен? Многу лесно. Добриот бизнисмен не е оној кој се утепува од работа (барем не цело време). Добриот бизнисмен е добар во поставување структура на која другите ќе можат лесно да се прикачат и да се утепат од работа.
Е не секој го може тоа. Е затоа имаме свет на работници и бизнисмени. И секогаш ќе биде така, господа утописти.. Реши што ќе бидеш или тоа или тоа и двете доаѓаат со бенефити и жртви.
И така типот наш голем маж нејќел да биде нечиј работник и затоа ќе почнел бизнис во кој ќе биде уште повеќе работник. Малце концептуално ќе да треба да ги доразбере нештата...
Што да кажам повеќе, типот од трн на глог. Се надевам дека ќе го прочита ова како најпријателски совет.
Белиот трофеј
Белиот трофеј“ го следи бизнис-патешествието на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011 заминува во Индија и по 4 години ја основа компанијата „Стеј анкл“ (Stay Uncle), која за кратко време предизвика вистинска револуција во древната земја.
StayUncle беше прогласена за едно од Топ 50-те нешта кои и се имаат случено на Индија во 2017 а во Март 2018, Форбс Индија ја посочува компанијата како една од 9-те најпросперитетни компании за оваа година.
Блаже Аризанов
Facebook: Блаже Аризанов