Во Хина Продуктс од самото основање
Од 2000 година сум дел од тимот на фамилијарната компанија Техноалат Комерц дооел од Гевгелија, под која работи пекара Житко и фабриката за преработка и конзервирање Хина Продуктс. Во 2005 година од самото основање на Хина Продуктс, па се’ до денес сум на позиција Менаџер на продажба, и тоа е нешто што навистина ме исполнува.
... позицијата Менаџер на продажба е нешто што навистина ме исполнува.
Имам прекрасен тим на млади луге кои секојдневно ми даваат се' поголем елан за реализација на се’ поголемите предизвици кои ни се појавуваат на пазарот.
Секој производ од широката палета на Хина производите е направен од внимателно селектирани зеленчуци, и горди сме што нашите купувачи се презадоволни од истите.
... наши носечки производи би ги издвоила Домашниот ајвар и Домашната лутеница ...
Како наши носечки производи би ги издвоила Домашниот ајвар и Домашната лутеница кои со право ја користат придавката ДОМАШНО😊
Бизнис совет
Продавам автентичен македонски производ на кој никој, ама баш никој до сега не останал рамнодушен. Домашно ајварче. Го продавам со многу емоција, а велат емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку.
... емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку.
Кога еднаш ќе стекнеш мислење за човек, во било која сфера на животот, никогаш не го менувај и не му давај втора шанса… бидејки тој некој никогаш нема да се промени.
Десанка Алчинова
Facebook: Desanka Alchinova
За Техноалат Комерц, Гевгелија
Фирмата е формирана пред 15 години и една од првите приватни фирми во општина Гевгелија. Од пред една година работи во нови простории со комплет нова линија за леб и бели пецива и има збогатен и разновиден асортиман на истите.
Контакт:
ТЕХНОАЛАТ - КОМЕРЦ ГЕВГЕЛИЈА тел: 034-211-985 ул. Маршал Тито бр.124, Гевгелија тел: 034-212-284 ул. Индустриска бб, Гевгелија
Веб: www.hinaproducts.mk
Facebook: HINA Products
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна