Она кое ни е секојдневно на „to do“ листата, е она кое всушност и не прави тоа што сме. Не постои желба или цел, која доколку не ја ставиме на таа листа со секојдневни активности насочени кон нејзино реализирање, може да ни се оствари.
Осмислувањето на секој ден, па дури и во детали со конкретен тек на нештата мене многу ми помага за да успевам да завршам се' што сум планирала...
Осмислувањето на секој ден, па дури и во детали со конкретен тек на нештата мене многу ми помага за да успевам да завршам се' што сум планирала... Не дека не се случуваат тековни промени, што е нормално доколку така налага денот и обврските, туку и со тие промени повторно денот е многу попрегледен и можам да го организирам така што најдобро ќе ги искористам ефективно и ефикасно 24те часа од него.
Секојдневието ми е рефлексија на она кое го посакувам.
Секојдневието ми е рефлексија на она кое го посакувам. Целите ги поставувам спрема желбите и посакувањата и не само јас, туку целиот менаџерски тим на „Манастир“ така функционира. Важно е целиот тим да е усогласен во визијата за бизнисот и не само да работат на неа, туку визијата се живее, таа е начин на живот.
... она кое те карактеризира на планина или плажа, се истите карактеристики кои доаѓаат до израз и во деловна атмосфера.
За мене ододамна не постои разграничување меѓу деловен и приватен живот, тоа е нереално и дволично, ние сме сите една единка, со сите наши доблести, негативни страни, вештини, афинитети..., така да она кое те карактеризира на планина или плажа, се истите карактеристики кои доаѓаат до израз и во деловна атмосфера... Доколку не е така, тоа е глумење и лажно претставување, кое е голем проблем во нашето општесто, истото е појава на незадоволство од самиот себе, а воедно што е и најстрашно не дозволува растење и развој на личноста на било кое поле, па и во бизнисот..., затоа и бизнис атмосферата и ситуацијата, е онаква каква е...
Приоритетизирањето е исклучително важно да се совлада како вештина, но најпрво мора да си работел многу на себе, за да знаеш што навистина ти е значајно во животот, која е твојата мисија поголема и од твоето постоење.....
Една изрека која мене многу ми помага е „не го менувај она кое најмногу го посакуваш, за она кое во моментот ти е привлечно“. Живеењето на оваа изрека бара неверојатна дисциплина, не бара одрекување и аскетизам, туку бара лично спознавање - да знаеш што навистина те прави среќен и радосен... Да, зборувам за бизнис, зборувам за животот, бидејќи животот е бизнис, ние сме животот... звучи емотивмо? И е емотивно... бидејќи секоја наша одлука колку и да мислиме ние дека е рационална, нејзиниот корен е чисто емотивен...
... накратко бизнис приказната, е приказна за страст ...
Би можела уште многу да говорам..., но накратко бизнис приказната, е приказна за страст, односно за многу длабока љубов и болка, а пасијата, посветеното активно време и чувството на благодарност, го носат успехот...
Бизнис совет
Лесно НЕ е, ама е убаво...
Лесно не е, ама е убаво... Бизнис успехот се стекнува САМО врз основа на личен кредибилитет. Дури и во семеен бизнис како нашиот, деловната почит и успех, не можеш да ја наследиш и превземеш, сам мораш да ја стекнеш и тоа никако поинаку освен со многу посветеност и вложување, но секако клучен за се е, личниот капацитет.
Успех не се заработените материјални сретства и нешта. Времето во кое живееме завзема холистички пристап кон она „Што е успех“...
... животот нуди толку многу можности, а нивното ограничување создава фрустрации ...
Луѓето денес сме „полимери“, создадени од различни функционални делови и растеме постепено, хетерогено, разнородно..., животот нуди толку многу можности, а нивното ограничување создава фрустрации, кои предизвикуваат себе-незадоволство... затоа, растете и развивајте се, паралелено, на што е можно повеќе полиња кои ви се навистина во интерес...
... успех е колку си задоволен и среќен со себе и најсаканите и колку тие се среќни и задоволни со вас...
Професионален успех - да, но врз него целосно се одразува: ментален развој -образование, едукација, вештини..., духовен развој - партнерска љубов, родителство, пријателства, спиритуализам... физички развој и благосостојба - спорт, рекреација, хоби..., не запоставувајте ништо на сметка на нешто..., бидејќи успех е колку си задоволен и среќен со себе и најсаканите и колку тие се среќни и задоволни со вас, а балансот сте вие, оние кои треба да го направите.
... моите професионални залагања ги опфаќаат и ТА Манастир, здружението на граѓани Спортско Планински Клуб Малешевска Корија и консултантско-експертските ангажмани ...
И на крај среќен е само слободниот човек, бидете успешни за да имате избор, за да бидете слободни и свои.
За хотел Манастир, Берово
Хотел Манастир постои од 2004г. од кога успешно ја гради својата бизнис приказна. Денес неговите капацитети се зголемени за 4 пати, а оценката за неговата понуда и услуга на booking.com, како најрелевантен фактор во браншата, му е со години околу 9,2, кое зборува за неговиот исклучителен и извонреден квалитет, при кое е и најавтентичен хотел во земјата, кој атрибут со гордост го негува.
Хотел Манастир, не е првото нешто кое почна да ме гради професионално, пред тоа беше присутен семеен ресторан, каде беа моите почетоци..., но секако тој е она со кое пораснавме заедно и „се дефиниравме“ еден, друг. Покрај него, на кој сум му најпосветена, моите професионални залагања ги опфаќаат и ТА Манастир, здружението на граѓани Спортско Планински Клуб Малешевска Корија и консултантско-експертските ангажмани, кои се исто така чести.
Дина Муцунска
Instagram: Dina_Mucunska
Facebook: Dina Mucunska
www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP