Бизнис инспириран од мојата пасија за софтверот
Софтверот е моја пасија од мали нозе а можноста да се натпреварувам со светот на тоа поле ми претставува огромно задоволство.
Во првиот момент кога беше можно во Македонија да се произведува софтвер а притоа да се пласира и со него да се натпреварува на светскиот пазар јас тоа го направив.
Патот до моментот кога технологијата што ја развива DOXTEAM ја користат најголемите светски компании во полето во кои работат беше исполнет со подеми и падови, успеси и предизвици, најчесто радост и понекое разочарување ама во секој случај возбудливо патување.
Соработка со Sony
Нашиот прв продукт Sportypal беше избран за најдобра спортска апликација во светот за андроид во 2009 година. Во 2010 стоевме раме до раме со прелистувачот Опера во изборот за најдобра Windows мобилна апликација. Го направивме првиот heart rate monitor за мобилен телефон во соработка со Polar а Sportypal беше и првата апликација во светот што работеше на првиот smart watch на Sony.
... Sportypal беше избран за најдобра спортска апликација во светот за андроид во 2009 година.
Успеавме да се договориме и создадовме заеднички продукт со Sony во кој Sportypal беше дел од понудата. Сепак и после сите успеси во развојот на Sportypal не успеавме да го продадеме на некоја од големите компании што се занимаваат со производство на спортска опрема како што тоа го направија нашите конкуренти. Сепак тоа не беше пречка ние да се развиваме и понатаму со огромна брзина.
Ерата на DOXBEE
(Со DOXBEE) победивме и на првата конференција за "Cloud" решенија во Амстердам / Холандија.
Почнавме да го развиваме DOXBEE апликација за колаборација со документи. Победивме на натпреварот за иновативни решенија на Телеком ама победивме и на првата конференција за "Cloud" решенија во Амстердам / Холандија. Во 2012 бевме избрани за една од 25 "rising stars" компании во Европа а бевме и дел од Seedcamp од Лондон.
Во 2012 бевме избрани за една од 25 "rising stars" компании во Европа ...
Низ ова патешествие многу научивме како од технолошки аспект така и од бизнис, па целото тоа искуство сега го преточуваме во развој на MICROTICA едно од најнапредните технолошки решенија во моментов на светскиот пазар, во областа на "cloud and microservices infrastructure"
... целото тоа искуство сега го преточуваме во развој на MICROTICA.
Бизнис совет(и)
▶️ Бидете упорни. Успехот не доаѓа преку ноќ. ▶️ Бирајте соработници кои се попаметни од вас тие ќе придонесат за развојот на вашата идеа. ▶️ Мерете го успехот, секогаш може подобро, направете измена и проверете. ▶️ Внимателно слушајте ги вашите клиенти, тие ке ви кажат се што ви е потребно да успеете. ▶️ Треба да бидете упорни и многу да работите да успеете ама оставете малку време и за фамилијата сепак таа е најважна во нашиот живот. ▶️ Радувајте се на малите победи, тие ќе ве однесат до големата победа.
Радувајте се на малите победи, тие ќе ве однесат до големата победа.
Глигор Дачевски
Facebook: Gligor Dacevski
Facebook: doXteam
За Doxteam
Докстеам е софтверска компанија чиј фокус се микросервисите и градење на современи софтверски решенија околу нив. Сите наши решенија се "cloud" базирани а поставени на Amazon платформата а клиенти ни се некои од најголемите светски компании во нивните сегменти како Nederman или најголемата реосигурителна компанија во светот со седиште во Цирих.
Веб: www.doxteam.com
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна