Фамилијарен бизнис кој почива на долгугодишна традиција
Eкошар доо почна со работа во ноември 1998 како фамилијарен бизнис, основан од татко ми.
Како поширока фамилија, ние сме се занимавале со овчарство од времето на прадедо ми, така што може да се каже бизнисот почива и на долгата фамилијарна традиција на правење овчо сирење и биено сирење - горе на Шара!
... од 200 литри до 27 тони на ден. Нашите производи се пласираат тука во Македонија и дел во Косово.
Првиот ден во фабриката сме почнале со 200 литри, а сега работиме до 27 тони/ден. Нашите производи се пласират тука во Македонија и дел во Косово. Иначе сега имаме широка производна палета и увозна (производи што не ги правиме тука), која што и е добро позната на нашите потрошувачи.
Имаме над 700 фармери кои што месечно добиват прилично добри приходи од млекото што ни го носат.
... во село Алданци, Крушево, постоечки објект од 4 илјади квадрати го пренаменуваме во модерна производна единица ...
Нашата програма е таканаречената “тврда програма” - а во тек е нова инвестиција во село Алданци, Крушево. Таму, постоечки објект од 4 илјади квадрати го пренаменуваме во модерна производна единица за тврда и течна млечна програма, различни видови на македонски сирења, млеко, кисело млеко, јогурти, ајран, павлака. За прв пат во нашата земја и типот на сирење Edamer!
За прв пат во нашата земја и типот на сирење Edamer!
Нашиот успех се базира врз квалитетот, традицијата, напорната работа (hardworking), не откажувањето од нашите иницијативи, и инвестициите во know-how и технологијата.
Бизнис совет
За младите и потенцијалните претприемачи имам да ги советувам следното:
✅ Иновативност. Да се концентрират на иновативни идеи, производи или услуги, посебно во ИТ секторот.
✅ Учење на професии и занаети. Да учат професии и занаети, за да можат било каде да кажат: Да, јас сум тој и тој, ја знам оваа дејност или работа.
... да можат било каде да кажат: Да, јас сум тој и тој, ја знам оваа дејност или работа.
Пошто многу од младите денес завршуват некое школо, а у ствари не знаат ништо да работат. Доста е со дипломирани студенти, ни требаат студенти што знаат (да работат).
Касам Зендели
Facebook: Kasam Zendeli
За Екошар
Ekosharr е компанија која постои 20 години, а за овој краток период на своето постоење одбележа нагорен тренд на развој. Во изминатиот период постојано е присутна на пазарот со тенденција да стане активно извозна ориентирана компанија. Ekosharr произведува 950 тони сирење, 245 тони кaшкавал и 172 тони биено сирење годишно.
Веб: www.ekosharr.com
Facebook: Eko Sharr Official
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна