СИТЕ ПРЕЧКИ СЕ ЛЕКЦИИ. АКО СИ СПРЕМЕН ЗА РАЗВОЈ.
Мојот бизнис е ПОМАГАЊЕ на луѓето и компаниите да се развиваат. Помагаме индивидуите да „СЕ РАЗБУДАТ“ и да ГО ЗЕМАТ ЖИВОТОТ ВО СВОИ РАЦЕ. Да почнат на себе да гледаат како да ЛУЃЕ СО ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ, да почнат ДА ГИ РЕШАВААТ ПРЕДИВИЦИТЕ со кои се соочуваат... наместо постојано да кукаат и се жалат колку животот е тежок, колку условите се тешки и државата не ја бива и колку другите се лоши луѓе. ... ти си тука ЗА ДА СЕ БОРИШ а НЕ ДА СЕ ЖАЛИШ.
... ти си тука ЗА ДА СЕ БОРИШ а НЕ ДА СЕ ЖАЛИШ.
Да, тоа донекаде е така. Животот знае да биде тежок, условите не се идеални, државата не е најфунционална и не се сите луѓе добри. Но, ти си тука ЗА ДА СЕ БОРИШ а НЕ ДА СЕ ЖАЛИШ.
Клучното прашање е: СПРЕМЕН ЛИ СИ ДА ГИ НАУЧИШ ЛЕКЦИИТЕ кои животот ти ги става ПРЕД НОС и без кои нема да можеш да мрднеш НИ МИЛИМЕТАР ПОНАТАМУ. Зошто, ИЛИ КУКАШ И УМИРАШ НА РАТИ или учиш и СЕ РАЗВИВАШ и секој следен ден СЕ „РАЃАШ“ ПОВТОРНО во нов и ПОСИЛЕН ЧОВЕК!
Како дојдов до тоа да го работам томку ова?
✓ Прво бев член на просечно македонско семејство – таму научив дека НЕ Е БАШ ЛЕСНО ДА ЖИВЕЕШ СКРОМНО и без силна амбиција и решеност да бидеш господар на свој бизнис и ДА ГО УПРАВУВАШ СВОЈОТ ЖИВОТ.
✓ Потоа бев СПОРТИСТ. Во младоста бев одбојкар – таму научив КОЛКУ СЛАДОК ВКУС ИМА ПОБЕДАТА. Дека е прекрасно да играш во ускладен тим и да најдеш начин, преку фер борба ДА ГО НАДИГРАШ ПРОТИВНИКОТ И ДА БИДЕШ ПОБЕДНИК.
✓ Потоа станав ПИТОМЕЦ па АРМИСКИ ОФИЦЕР. Во војската научив што е РЕД, ДИСЦИПЛИНА, предностите и слабостите на ХИЕРАРХИЈАТА, што се ПРАВИЛА, ПРОЦЕДУРИ и што е придобивката ако тие се почитуваат.
✓ Потоа по службена должност го искусив воениот конфликт во 2001-та. Таму научив дека ЕДНО Е ТЕОРИЈА А ДРУГО Е ПРАКСА. Дека на терен личноста е поважна од теоретското знаење. Дека во реална ситуација мора да си стабилен, цврст, свој, итар, тактичен, тимски играч, коректен, храбар но претпазлив, решителен но мудар.
✓ Потоа почнав да вежбам јога и да учат други духовни техники. Зошто? Од љупобитство и желба да се себеистражам. Таму научив дека СЕ Е ВНАТРЕ! Дека клучно е да дознаеме како функционира нашата психа, нашиот ум, нашето тело, нашите емоции. Да сфатиме дека ПОТСВЕСНОТО Е ТОА КОЕ ГО УПРАВУВА ЧОВЕКОТ. Дека само со работа на себе, таму ВО ДЛАБОКОТО може да се промениме.
✓ Потоа имав среќа да следам тригодишна програма Тренинг за тренери спроведена од еден реномиран универзитет од Шведска. Таму научив што е едукација. Дека за вистинска едукација е потребна СЛОБОДА ученикот ДА ПОСТАВУВА ПРАШАЊА, да поминува низ СВОИ ИСКУСТВА, да прави анализа на својот живот и со тоа да ги поврзува материјалот кој се обработува, да поминува НИЗ КРИЗИ И ДА УЧИ ОД НИВ. Дека е возможна едукација низ слобода и личен избор. Таму научив да бидам тренер за лидерство и личен развој.
✓ Потоа запишав и завршив докторат во област на организациско однесување и лидерство. Таму научив дека ЛИДЕРСТВОТО Е КЛУЧОТ за успехот на една организација. Ама не автократското и наметливото туку тимското и спонтано лидерство. Лидерството во кое групата ТЕ ИЗБИРА и ТЕ СЛЕДИ. Таму исто научив дека на организацијата и требаат и лидерство но и менаџмент. Инспирација но и правила. Мотивирање но и јасни процедури. Двете ја прават организацијата ЦВРСТА и без можност да крахира.
✓ И на крај станав сопруг и татко. Тука ги научив НАЈВАЖНИТЕ ЛЕКЦИИ. Дека е едно е како треба а друго е КАКО МОЖЕ. Дека ПОЧИТУВАЊЕТО И ДОВЕРБАТА СЕ ПОВАЖНИ од бивањето во право. Дека РЕЛАЦИЈАТА и ВРСКАТА се поважни од докажувањето. Дека ЕМПАТИЈАТА е највисоката форма на комуникација. Дека најтешко е да примениш КОГА Е ТЕНЗИЧНО, БРЗО, БЕЗ ЈАСЕН ТЕК и кога другиот нема доволно свест (бидејќи и дете) а ти си уморен. Тогаш сфатив дека во тие ситуации треба НАЈРЕШИТЕНО и БЕЗ ОТКАЖУВАЊЕ, затоа што нели железото се кове само КОГА Е УСВИТЕНО И ЖЕШКО!
И сето ова направи да се создаде СИМБИОТИКА и преку неа да го споделуваме нашето знаење и искуство и да им помагаме на илјадници индивидуите и на стотици организациите и да учиме едни од други.
Малку се расприкажав а? 🙂 Извинете ама ми тргна 🙂
Бизнис совет(и)
Ако не се откажавте до сега. Еве како награда ви ги споделувам моите бизнис совети. Ќе бидат по два совети од три области. Во склад со трите обуки кои од септември до крај на годината ќе ги реализираме во СИМБИОТИКА.
Тема КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ и ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОНФЛИКТИ.
Совет бр. 1
ЗБОРУВАЈ ПОМАЛКУ – СЛУШАЈ ПОВЕЌЕ И ПОСТАВУВАЈ ПРАШАЊА Долгите говоранции полни со „вака треба да правиме“ нема да донесат голем ефект. Бла бла обраќањата после првите 4-5 минути ќе направат луѓето да се „исклучат“. Кажи кратко и јасно. Што? Кој и до кога да го направи? Остави тие да ти предложат како да биде направено.
Цело време слушај. Примај информации од луѓето на терен. Слушај го и тоа што го кажуваат но и тоа што не го кажуваат со зборовите туку со говорот на телото, со паравербалниот говор (начинот на кој зборуваат).
Клучно поставувај прашања. Ако нешто не ти се допаѓа, наместо да кажеш „тоа е погрешно“ постави серија на отворени и затворени прашања преку кои вработениот сам ќе сфати дека тоа што го кажува е погрешно. Клучно е луѓето да ги научиме да мислам и сами да сфаќаат што е правилно а што погрешно а не ние да им кажуваме.
Совет бр. 2
ТРАНСФОРМИРАЈТЕ ГИ КОНФЛИКТИТЕ – НЕ ГИ СТАВАЈТЕ ПОД ТЕПИХ
Секое недоразбирање, расправија, различно мислење или конфликт кој нема да биде трансофмиран и ќе биде бутнат под тепих после одредено време ќе „засмрди“ и ќе ја труе организација. Создадете култура на отворено и конструктивно трансформирање на конфликтите во реалистични и продуктивни решенија. Така сите пречки ќе станат можности. Така вашиот тим ќе ги „меле“ предизвиците и ќе стане машина за нови, иновативни и конкуретни решенија.
Тема ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Совет бр. 1
СЛЕДИ ГИ СВОИТЕ ЕМОЦИИ И НАЈДИ НАЧИН ДА ГИ ИЗРАЗУВАШ
Да, ти си лидер и не ти е дозволено да покажуваш слабост во тешки ситуации. Но ти си и човек. Биди свесен дека со емоциите нема играчка. Ако ги игнорираш тие ќе продолжат да „работат“ и ќе избијат во облик на пад на мотивација, летаргија, депресија, гнев, анксиозност и сл. Најди си начин да ги изразуваш своите емоции (спорт, разговор со близок човек, најди со коуч, психолог...). Изразувањето на емоциите ќе го вентилира твојот внатрешен психички простор и ќе остави простот за нов ентузијазам, мотивација и среќа.
Совет бр. 2.
ВГРАДИ ЈА ЕМПАТИЈАТА ВО РЕЛАЦИЈАТА ПОМЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ И СО КЛИЕНТИТЕ
Емпатијата е највисока форма на слушање и комуникација. Таа помага да ја видиме ситуација од „кондурите“ на другиот. Кога така ќе настапиме во давањето на задачите на новиот вработен (кој е уплашен), или во решавањето на конфликтот повеќу вработениот (кои се нервозни) или во продажбата и преговарањето со клиентите (кои сеуште немаат доверба во нас) или уште посложено во ституација на поплака од клиент (кој се осеќа изневерен и лут), ние ќе можеме да правиме чуда. Кога ќе научиме да ги препознаваме и трансформираме емоциите на другите тогаш сме станаме мајстори во меѓучовечките релации.
Тема МЕНАЏМЕНТ НА ВРЕМЕ
Совет бр. 1
Научи да кажен НЕ!
Ако секоја секунда ти време 100 евра како ќе се однесуваш кон своето време? Научи да го штитиш своето време. Ти си на врвот. Сите сакат да те прашаат, да поразговараат со тебе, да им дадеш совет за да ја споделат одговорноста, да бидат во твоја близина поради можност да влијаат на одуликите. Научи да дефинираш вистински приоритети и љубезно да се извиниш и да не го расфрлаш своето време насекаде. Тоа е драгоцено.
Совет бр. 2
Не заборавај дека покрај сите професионални и семејни улоги ти си и човек.
Не се заборавај себе. Не можеш да истуриш ништо од празна чаша. Не се запоставувај себе и своите потреби за одмор, хоби, време со себе, лични задоволства. Грижата за себе е клучна за да продолжиш да бидеш добар менаџер, вработен, татко/мајка, сопруг/а, пријател... Однесувај се одговорно кон улогата човек. Закажи си состанок со себе во својот распоред и третирај го тој состанок како да е состанок со најважниот клиент на светот. Нема одлагање и презакажување на тој состанок. Полни се за да можеш да даваш.
За сега толку. Повеќе на обуките или во следна ваква прилика J
НЕКА Е ЗА УБАВО ЗА АРНО!
Бидете УСПЕШНИ но не заборавајте дека треба и да сте СРЕЌНИ!
Д-р Лазар Ѓуров
универзитетски професор, обучувач и консултант.
Претседател на Институтот СИМБИОТИКА
Facebook: https://www.facebook.com/Institut.Simbiotika/ https://www.facebook.com/lazar.gjurov.blog/ Web: www.simbiotika.mk
За Симбиотика
Јас и мојата организација СИМБИОТИКА постоиме за ДА ГИ НАУЧИМЕ ИНДИВИДУИТЕ НА ВЕШТИНИ за подобра комуникација, за успешна трансформација на конфликтите во применливи решенија, за подобро менаџирање на своето време (читај својот живот), за развиње на својата емоционална интелигенција и уште многу способности и практично применливи техники со кои ЌЕ ГИ РЕШАВААТ СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ и ЌЕ РАСТАТ КАКО ЛУЃЕ во нешто што јас го нарекувам СУПЕР ЧОВЕК!
Ние веруваме дека единствениот начин ДА ЖИВЕЕШ СРЕЌНО и ДА ПОСТИГНУВАШ УСПЕСИ е да сфатиш дека МОРАШ ДА СЕ РАЗВИВАШ. А развој значи СЕБЕОСПОСОБУВАЊЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПРЕЧКИ...дома, на работа, во зградата во која живееш, во општеството... себеоспособувањето ќе те донесе до УСПЕХ И СРЕЌА!
Покрај со индивидуи работиме и со организации (компании, корпорации, граѓански организации, фондаци и сл.). Нив им помагаме да се СООЧАТ со ВНАТРЕШНИТЕ И НАДВОРЕШНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ. Некогаш брзиот раст, некогаш промената на условите на пазарот, некогаш зголемувањето на бројот на вработени, некогаш промената на технологијата, некогаш проблематичните членови на тимот, некогаш личните внатрешни предизвици ИМ СОЗДАВААТ МАКИ на манаџерите но и на вработените. Кој не водел фирма/органицација или не работел во тим не знае колку од тоа може да БОЛИ ГЛАВА ☺.
Ние постоиме за да од надвор ЈА ВИДИМЕ РЕАЛНАТА СОСТОЈБА. Реално и дискректно ГИ СООЧИМЕ СО СОСТОЈБАТА и низ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЦЕС креираме решенија (нова организациска структура, нови правила или измена на постоечките, нови процедури или дополна на постоечките, дефинирање на реална визија, мисија и клучни принципи и вредности...).
СИМБИОТИКА им помага на компаниите да станат СИМБИОТИЧНИ ЗАЕДНИЦИ. Заедници во кои луѓето ЌЕ СЕ НАДОПОЛНУВААТ наместо да се сопнуваат, расправаат, меѓусебно се местат и ја трошат драгоцената енергија во напред-назад НЕКООРДИНИРАНО РАБОТЕЊЕ наместо сплотени во СИМБИОЗА да тргнат во ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ и постигнување ПОГОЛЕМИ УСПЕСИ.
www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP