Патот од образованието до професијата
Мислев дека во животот ќе се занимавам само со превод и толкување, бидејќи завршив англиски и италијански јазик, ама судбината ме однесе и во други води.
... судбината ме однесе и во други води.
После повеќегодишна работа во странски дипломатски мисии на позиции за протокол, односи со јавност и медиуми, посакав моето знаење и искуство да го инвестирам во сопствената земја и народ. Иако можев да завршам каде било во светот за што имав можности, посакав моето искуство и знаење да го „инвестирам“во Македонија. И патувањето почна!
Од 2008 сум меѓународен консултант за дипломатски и деловен протокол според акредитација на Школата за протокол од Вашингтон, најпрестижната школа за протокол во светот, која акредитира професионалци од секој регион.
После повеќегодишна работа во странски дипломатски мисии ... посакав моето знаење и искуство да го инвестирам во сопствената земја и народ.
Основање на Академии за протокол на Македонија и Косово
Ги основав Академијата за протокол на Македонија и Академијата за протокол на Косово, го предавам нивниот курикулум за деловен и за дипломатски протокол, а работам и како надворешен предавач овде и во странство.
Член сум на Меѓународната асоцијација на службеници за протокол и дипломатија во Вашингтон, САД а се доусовршував во Европската комисија во Брисел, Регионалниот центар за обука на Стејт Департментот во Франкфурт, Националниот центар за обука во САД „Џорџ Шулц“ и Школата за професионални студии при Институтот за Форин Сервис.
Никогаш не престанав да се надградувам ... Докторирав на полето на дипломатијата ...
Никогаш не престанав да се надградувам, го истражував развојот на протоколот а еден од тие мои трудови беше прифатен и на Научната конференција во Харвард, Бостон. Докторирав на полето на дипломатијата, со дисертација која значеше неколку годишно истражување на кралските и модерните протоколи од 18 век па наваму.
Во својата биографија имам неколку награди, од кои најмила ми е наградата на „Бенџамин Франклин“ на Стејт Департмент за развој на протоколарна датабаза за потребите на Американската амбасада.
Најтешко е кога пробивате нешто ново ... Особено кога „продавате“ интелектуални услуги.
Имплементација на образованието и вештините
Е сега, вооружени така со образование, искуство и желба колку планина, треба својот производ, толку „нормален“во светот, да го „продадете“ тука! Најтешко е кога пробивате нешто ново – трошите енергија и трпение за да го докажете својот производ. Особено кога „продавате“ интелектуални услуги.
Кај нас и дообразувањето се занемарува – мал број фирми и институции вложуваат во доусовршувањето на вработените. Па уште и протокол, кој за многумина беше „што ќе ми е мене тоа, дај нешто конкретно“!!! Треба да докажете на директорот дека е важно како се дочекуваат и седнуваат, како се организира прием или како се потпишува меморандум?
Но, станува полесно откако процесот ќе почне, само ако го одржувате квалитетот и создавате мрежа на задоволни клиенти кои се вашата најдобра реклама. Со секој од моите над 500 обучени кандидати сум колешка и пријател, редовно разменуваме „протоколџиски“ искуства. Сите се многу успешни луѓе, а некои дури храбро влегоа во дипломатијата. Уживам и со детската обука со која кај нашата најмлада генерација се обидувам да им ги вградат правилата на убаво однесување и манири.
Наивно е да се помисли дека за започнувањето на сопствен бизнис ви треба само знаење и образование ...
Наивно е да се помисли дека за започнувањето на сопствен бизнис ви треба само знаење и образование – потребни се солидни почетни финансии и многу желба за да се совладаат и научат сите закони, подзакони и правилници. Уште понаивно е да се помисли дека профитот ќе ви се слева во џеповите уште веднаш – ако се надевате на тоа, откажете се уште веднаш!
Уште понаивно е да се помисли дека профитот ќе ви се слева во џеповите уште веднаш ...
Бизнис совет(и)
1. > Сакај ја професијата
Ќе мора многу да ја сакате својата професија за да можете ги издржите сите македонски Сцили и Харибди! Македонија не е лесна за приватен бизнис, но импровизациите пропаѓаат, а вистинските остануваат! Секогаш бидете од вторите!
Македонија не е лесна за приватен бизнис ... Работете го само она за кое сте навистина квалификувани и најдобри ...
Работете го само она за кое сте навистина квалификувани и најдобри - веднаш се гледа кога предавате со слајдови симнати од интернет, а кога навистина го знаете она за кое зборувате!
2. > Не престанувај да учиш
Никогаш, ама никогаш не престанувајте да учите! Не е лесно да инвестирате во сопственото надградување, но посетувајте ги сите саеми, конференции, дообуки што се во вашата сфера. Светот постојано оди напред и мора да држите чекор со промените дури и кога не можете инстантно да ги примените!
... посетувајте ги сите саеми, конференции, дообуки што се во вашата сфера ... Светот постојано оди напред ...
Д-р Лукреција Маљковиќ Атанасовска
Академија за протокол на Македонија
Facebook: Lukrecija Maljkovic Atanasovska
За Академија за протокол на Македонија Академијата за протокол на Македонија® е единствена институција од ваков вид во земјата која нуди обука за протокол и етикеција по сертификација на Школата за протокол во Вашингтон®.
Наставната програма е професионално дизајнирана и ја следи теоријата на образување на возрасни преку вклучување на индивидуален пристап кон учењето. Опфаќа модули кои се однесуваат на деловната етикеција, дипломатскиот протокол, организација на настани, крос-културолошките аспекти во работењето и говорништвото.
https://www.facebook.com/akademijaza.protokol/
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна