Моето прво работно искуство како правник во фирма
Моето прво работно искуство беше по завршувањето на додипломските правни студии или на 21 годишна возраст, како правник во фирма. Веднаш запишав и постдипломски студии, и продолжив со работните обврски, но со стажирање во адвокатска канцеларија и во суд. Беше тешко да учам и да работам истовремено, но длабоко во себе знаев дека еден ден ќе вреди. И навистина беше така.
(За разлика од повеќето) јас учев од адвокати и судии и магистрирав со 3 годишно работно искуство во адвокатурата и правосудството.
Додека повеќето колеги спремаа само испити, составуваа и бранеа магистерски трудови, па дури подоцна бараа работа, јас учев од адвокати и судии и магистрирав со 3 годишно работно искуство во адвокатурата и правосудството. Едноставно сфатив дека, колку порано и повеќе работиш на своите соништа, толку побрзо ќе ги оствариш. Предвремено го полагав и правосудниот испит, поради тоа што повторно сакав да и “избегам” на генерацијата, односно да бидам пред другите.
... сметам дека најпрофитабилна инвестиција е инвестирањето во себе.
Не престанав да посетувам обуки, семинари, работилници од областа на правото, но и на теми поврзани со професионалниот раст и развој. Ова го правам и до ден денес, затоа што сметам дека најпрофитабилна инвестиција е инвестирањето во себе.
Го положив правосудниот испит и немав можност веднаш да се вработам...баш онака експресно како што очекував. Колку по упорно и по интензивно барав работа, толку повеќе не наоѓав.
Повторно вработување како правник во фирма
По два месеци, се вработив како правник во фирма. Таму не издржав ни две години. Заминав од истите причини како и претходно кога работев како правник -работата не ме исполнуваше. Верувам дека сѐ се случува со причина. Веројатно требаше повторно да го работам ова, за да сфатам и цврсто се убедам дека работењето како правник во фирма не одговара на мојот дух и темперамент. Заминав од таму и се вработив како адвокат, во адвокатско друштво. Веќе бев повеќе од сигурна дека, адвокатурата е она кое најмногу ме исполнува. Затоа и по втор пат, од работата како правник, заминав во адвокатската дејност.
.... сфатив дека работењето како правник во фирма не одговара на мојот дух и темперамент.
Среќно и исполнето се чувствував кога почнав да работам како адвокат, но, ако размислам подобро, повторно го избрав потешкиот пат. Се сеќавам дека додека се распределуваа судските предмети помеѓу колегите, моите очи секогаш беа широко отворени кон “големите” предмети, предметите на кои што работат искусните адвокати, “заплетканите” предмети кои траат со години....да, ми беа голем предизвик токму поради тоа што се “тешки”, “заплеткани”, “без судска пракса”, но.... ги сакав и со љубов работев на нив. Токму и затоа, брзо напредував, толку брзо што неизбежно беше да отворам сопствена адвокатска канцеларија.
... толку брзо напредував што неизбежно беше да отворам сопствена адвокатска канцеларија.
Отворање на адвокатска канцеларија „РИСТОВА“
Денес и веќе три години, ја менаџирам својата канцеларија, и се чувствувам комплетно исполнето. Работам за себе, но и на себе, и веќе ништо не е толку тешко. Го “газам” патот, кој го “разгазував” сама и со години. Почнав од нула. Знам, секој почнува од нула, но сите нули не се исти.
Го „газам“ патот, кој го “разгазував” сама и со години. Почнав од нула. Знам, секој почнува од нула, но сите нули не се исти.
Поминав низ многу тешки моменти, додека барав работа, а сите врати ми беа затворени, додека се трудев, придонесував и давав се од себе, а други се китеа со моите успеси, додека работев интелегентно и напорно за друг, а никогаш не беа задоволни од истото.
Работам за себе, но и на себе, и веќе ништо не е толку тешко.
Но, веројатно така требало да биде. Можеби никогаш не ќе стигнев до тука, ако не беше макотрпен патот. Горда сум што, сама, како девојче дојдена од Свети Николе, во Скопје, одлучив да отворам своја адвокатска канцеларија на 27 години, иако во тој момент немав ниту еден клиент. Не знаев како ќе успеам, но знаев дека ќе успеам. Затоа што тоа беше мојот сон и затоа што многу верував во себе. Бескрајно многу.
Денес имаме голема база на клиенти на кои им помагаме во заштитата на своите права и интереси.
Денес, Адвокатската канцеларија “РИСТОВА”, има голема база на клиенти, физички и правни лица, на кои им помагаме во заштитата на своите права и интереси. Прва и единствена канцеларија сме која подробно работи со вознемирувањето на работното место (мобингот) и со заштита на работничките права, воопшто. Работиме и семејно, наследно, имотно, деловно, управно, кривично и облигационо право, но и правото на интелектуална сопственост.
Асоцијација на менаџери на Македонија
Во меѓувреме станав и Претседател на Асоцијација на менаџери на Македонија (АММ), и неполни две години сум на оваа позиција.
Во Асоцијацијата гледам огромен потенцијал и се поголем раст и развој од година во година. Енормно брзо изградивме мрежа на менаџери, кои што се стремат да ги зајакнат своите менаџерски вештини, и да се стекнат со нови, но и да бидат креатори на економската политика во државата.
АММ е полноправна членка и ко-основач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа, а тоа е добра основа за меѓународна соработка и придонес на европско ниво.
Бизнис совет(и)
✅ Не наоѓајте изговори. Престанете да наоѓате изговори, зошто не сте ги оствариле своите соништа! Престанете да се убедувате самите себи и другите дека немате време. Имате исто толку време, колку што имале и Нелсон Мандела, Марија Кири, Томас Едисон, Бил Гејтс, Никола Тесла, Хенри Форд и Елеонор Рузвелт.
✅ Не се откажувајте! Секој, обично, се наоѓа во три фази до достигнување на врвот од кариерата. Првата фаза е кога многу работите, а малку заработувате, или фаза во која речиси сите се разочаруваат и откажуваат. Втората фаза е фаза на колку работите, толку заработувате, или фаза во која луѓето стануваат медиокритет, се задоволуваат со ова и целиот свој живот остануваат тука. Третата фаза, која многу мал процент од луѓето ја достигнуваат, е фазата кога малку работите, а многу заработувате. Заработувате за претходно се што не сте заработиле.
✅ „Заработувајте“ знаење. работите и кога малку пари заработувате, затоа што тогаш “заработувате” знаење и искуство, кое подоцна финансиски ќе Ви биде платено, а најпосле и преплатено. И се разбира, никогаш, ама баш никогаш, не се откажувајте!
Инвестирајте во себе! Стекнете нови вештини! Бидете различни од другите. Бидете незаменливи!
... учите нови јазици, нови компјутерски програми, посетувајте обуки, тренинзи, работилници, стекнувајте богато работно искуство...
Денес, секој граѓанин има завршено високо образование, а речиси секој трет е магистер на науки. Ако завршите високо образование и магистрирате, по речиси ништо нема да се разликувате од останатите. Затоа, учите нови јазици, нови компјутерски програми, посетувајте обуки, тренинзи, работилници, стекнувајте богато работно искуство...
✅ Размислите пред да одите по полесниот пат! Внимавајте, понекогаш избирањето на полесен пат, во моментот ќе ви даде слобода и среќа, но засекогаш пранги и зависност.
✅ Не плашете се од конкуренција! Вие секогаш може да се разликувате од другите по Вашиот квалитет. Не е важно што работите, туку како тоа го работите. Не е важно колкава е конкуренцијата, туку каква е конкуренцијата.
Маја Ристова
Facebook: Маја Ристова
Instagram: advokatristova
За Адвокатска Канцеларија „РИСТОВА“
Адвокатската канцеларија “Ристова” е реномирана канцеларија која обезбедува правна заштита пред судовите и административните органи во земјата и во странство. Претпознатливи се по експертизата во однос на трудовото право, правната заштита во работните спорови и мобингот, но исто така тимот поседува и значајно искуство во други области на правото. Нивната цел е да обезбедат постојан и одличен квалитет на услугата во сите области на работа за целосна корист на клиентите.
Facebook: Адвокатска канцеларија Ристова
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна