Нашата приказна
Emit Knowledge стартуваше од искрата да изградиме продукт-ориентирана компанија, која ќе го употреби знаењето и креативноста на тимот и множество од Microsoft-ови технологии за да создаде бизнис решенија едноставни за користење и оддржување.
Поставивме високи очекувања каде квалитетот на изработка е должност ...
Поставивме високи очекувања каде квалитетот на изработка е должност со цел да сме горди на продуктите кои ги испорачуваме.
Мотивот беше јасен, сакавме да излеземе од услужното сивило ...
Пишувајќи го краткиот опис, ми поминуваат сликите од вечерната прошетка каде со мојот другар Сашо решивме да работиме на нашиот прв продукт - социјална мрежа за квалитетна содржина (блиску до тоа што денес е medium.com). Мотивот беше јасен, сакавме да излеземе од услужното сивило како би имале повеќе време и можности да работиме на сопствените идеи и да придонесеме назад во заедницата.
Нашиот последен продукт на кој што работиме е Envoice - алатка за фактурирање и online наплата ...
Денес, по неполни пет години, нашето срце сеуште чука како да почнавме вчера. Нашиот последен продукт на кој што работиме е Envoice - алатка за фактурирање и online наплата преку ХалкБанк, Payoneer, PayPal, 2Checkout, KlikAndPay, Stripe, Square, RazorPay и WePay.
Купче совети од фурната
Секој што почнал сопствена приказна барем еднаш посветил време да размисли за себе и за својата приказна.
На таа тема ќе пробам да ги сумирам моите совети во облик на листа:
За мотивацијата:
Твојот идол нека биде твојата утрешна верзија;
Секој сам треба да си ја најде својата приказна и темпото кое му одговара;
Посвети се на работите што те прават среќен, се останато делегирај;
За одлуките:
Одлуките поткрепи ги со податоци;
Кога немаш доволно податоци, разговарај;
The assumption is the mother of all fuck ups;
Грешките не прават помудри. Грешките се нашиот ментор во недостаток на ментор;
За времето:
Парите доаѓаат и си одат но времето заминува;
Времето посветено на фамилијата враќа 2 x перформанси на бизнисот;
Боже дај ми трпение, но те молам побрзо;
За тимот:
Кариерата на индивидуалците мора да се совпаѓа со визијата и работењето на фирмата;
Барај ги најспецифичните, најтешките, бунтовниците. Нивната индивидуалност, каприците и вкусовите ќе ја однесат фирмата на следното ниво;
Кога индивидуалноста е загушена од културата, напредокот престанува;
Барај ги и предизвикувај ги спротивностите во тимот;
За парите:
При сам старт научивме дека не треба да си со двете нозе во една дупка;
Ако го гледаме бизнисот како математичка функција, во еден момент мора да доживее локален максимум и минимум. Спремете се за минимумот;
Не се расфрлајте со парите кога ги има;
За учењето:
Секогаш има нешто што не знаете;
Читајте секојдневно, нека работи мозокот. За тоа е наменет;
Разговарајте со луѓето. Колективниот мозок често носи креативни решенија;
Сумарно би рекол, бидете фокусирани и задоволни. Секојдневно работете на напредокот - инкрементално.
Сумарно би рекол, бидете фокусирани и задоволни. Грижете се за вашето физичко и ментално здравје и за добробитот на фамилијата и тимот. Секојдневно работете на напредокот - инкрементално. Не го трујте паметот со формули и тренери за успех кои ветуваат брда и планини за вашиот бизнис преку ноќ. Бидете балансирани и уживајте го животот, убавите работи се случуваат со време, разум и доза на среќа.
Имајте одличен викенд!
Марјан Николовски
CEO, Emit Knowledge
Веб сајт: www.emitknowledge.com
Facebook: Марјан Николовски
www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP