Мојот успех преку ноќ се должи на 40 години деноноќна работа.
Да почнам со еден афоризам: Мојот успех преку ноќ се должи на 40 години деноноќна работа.
... на Македонскиот пазар работеа 512 печатници. Ужасно голем број за мал пазар.
Кога решивме да ја основаме печатницата Аркус дизајн, на Македонскиот пазар работеа 512 печатници. Ужасно голем број за мал пазар. Да си ја ограничиме конкуренцијата решивме да се занимаваме само со високо квалитетно печатење. На тој начин ја сведовме конкуренцијата на неколку печатници и еве веќе 18 години успеваме профитабилно да работиме.
Да си ја ограничиме конкуренцијата решивме да се занимаваме само со високо квалитетно печатење.
Бизнис совет
Порано верував во иновативноста ...
Во минатото верував дека тајната на успешниот бизнис лежи во иновативноста. Да, иновативната идеја ќе ти даде предност на пазарот некое време, но подоцна сепак ке мора да се соочиш со конкуренцијата. Од сегашен аспект верувам дека тајната на успешниот бизнис е во натпреварот со конкурентите.
... сега верувам дека тајната на успешниот бизнис е во натпреварот со конкурентите.
Мирче Чекреџи
Facebook: Mirce Cekredzi
www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP
Мирче го познавам 15+ години. Неговите совети се јасни, прецизни и пред се' - многу корисни. Покрај работата со Аркус, Тој е активен во бизнис заедницата и дава несебичен придонес.
Како е еден од главните основачи на Сојузот на стопански комори (ССК) и без неговата активност и упорност во првите години од основањето, ССК немаше да може да се етаблира во општеството. Колку што ми е познато, во одреден период еден од бизнисите на Мирче се прошири во повеќе земји во Европа и светот.