Почеток и инкорпорирање на пазарот во Грција
Во 1991 год. како резултат на успешноста во работата во бизнисот со цвеќе, но и неспремноста во која се затеков по распадот на еден систем, решив да ја основам фирмата Хорти Експерт МК.
На почетокот со скромни амбиции и со неколку вработени, но со многу труд и работа и секако желба за успех, успеав мојот бизнис со хортикултурно уредување да го инкорпорирам на пазарот во Грција.
Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам.
Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам. Опкружен со море од ајкули, јас како една мала риба се борев чесно, знаејки дека ништо не доаѓа само по себе, дека мора да го постигнам сам па така успехот беше неминовен.
Успеси и резултати
... во Вотерленд Солун, комплексот Сани Бич Халкидики, Порто Центар Солун Космос трејд центар ...
Потписот на уметничките творби или дворови создадено од Хорти Експерт МК може да се види во: Вотерленд во Солун, комплексот Сани бич на Халкидики, Порто центар во Солун, Космос трејд центар, автопатот од Волос до Атина и на многу други места - се' во склад со слоганот на Хорти Експерт МК, наука и уметност во хортикултурата.
... ние сме единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина ...
Со гордост кажувам дека ние сме единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина и учество во проектот за Амбасадата на САД во Коломбо-Шри Ланка.
Јас на мојот тим не им ги барав грешките, туку барав решенија бидејки секогаш ја имав големата слика на ум.
Сето тоа е резултат на комплетноста во работата со создавање на уникатни дворови и скапи производи и никогаш не се плашиме да ги понудиме на пазарот. Јас на мојот тим не им ги барав грешките, туку барав решенија бидејки секогаш ја имав големата слика на ум.
Понесен од една реченица која ја прочитав додека бев млад декa "Галебот што лета највисоко гледа најдалеку" успеав да го создадам најголемиот хортикултурен бренд на овие простори со име Хорти Експерт МК.
Бизнис совет(и)
Како резултат на моето 27 годишно работење во приватниот бизнис ги советувам сите што сакаат да започнат со сопствен бизнис ✅ да бидат искрени, куси и секогаш присутни на самото место. Само така може да се изгради сопствен имиџ и репутација.
✅ Откријте ја и живејте ја својата цел. Немојте од дрвото да не ја видите шумата. Треба да сфатите дека ова не е социјала, ова е бизнис и секогаш станува збор за крајниот резултат.
Лошите работи не се најлошото што може да ви случи, ✅ најлошо е да не ви се случи ништо.
Мичо Филков
Facebook: Filkov Micho
За Хорти Експерт МК
Хорти Експерт МК денес е водечка компанија во областа на хортикултурно уредување на објекти за живеење, резиденцијални и деловни објекти и јавни парковски површини и производство на декоративен саден материјал, како во Македонија така и во регионот, особено во Грција, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.
Главниот принцип врз кој се темели нашето работење е вклопување на градините во нивната природна средина – што го постигнуваме преку дизајнирање на градините во суптилен спој меѓу науката и уметноста.
Facebook: Horti Expert MK
Веб: Хорти Експерт МК
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна
#Стратегија #Менаџмент #ERP