Од идеја во Индонезија до реален бизнис во Македонија
Идејата за Aseana Royal Spa се роди 2006-та година, во Индонезија. Сакавме да започнеме нешто различно и авентично, нешто што го нема на нашите простори. Инспирацијата ни дојде од Индонезиската култура и традиција, и од нејзиниот однос кон убавината на телото и духот.
... развојот на нашата компанија не беше секогаш лесен.
Овој наш сон стана реалност во 2008-та, кога ја отворивме нашата азиска оаза наречена Асеана Ројал Спа. Иако работиме успешно повеќе од 10 години, развојот на нашата компанија не беше секогаш лесен.
... (правиме) оаза каде што секој може да "побегне" од модерниот, брз и стресен начин на живеење.
Првите 3 години работевме исклучиво со персонал којшто го носевме од Индонезија. Овој индонезиски тим од високо-квалификувани професионалци обучи подоцна 10-на наши луѓе и ние денес се гордееме со фактот дека повеќето од нив се сеуште со нас.
Принципи на работа и стандарди
Ова се принципите што би можеле да ги окарактеризираме како наша успешна бизнис пракса:
Висок стандард на услуги
Високо-квалификуван персонал од Азија, којшто подоцна на македонските колеги им го пренесе своето знаење од областа на спа терапијата
Поседуваме CIDESCO диплома (тоа е светски престизна квалификација во областа на естетската терапија, засхто CIDESCO ги поставува/одредува меѓународните стандарди во оваа област од 1957 година)
Всушност, ние сме единствени со такви квалификации во Македонија (а повеќе од петмина наши козметолози се обучени по стандардите на CIDESCO)
Користиме органски производи со висок квалитет за нега на лицето и телото
Постојано имаме тренинзи (обука) на персоналот
Имаме посветен тим којшто ги следи светските трендови во областа на спа терапијата со една единствена цел - задоволни и среќни клиенти, што е всушност и нашата крајна цел.
... со посветен тим до задоволни и среќни клиенти...
Бизнис совет(и)
Од нашето работење ги споделуваме следните битни совети:
користи светски трансфер на знаење и вештини за издвојување од конкуренцијата и поставување на повисоко ниво на услуги.
Тимот постојано да се гради и да се мотивира за посветено да ги опслужува клиентите
... користи светски трансфер на знаење за издвојување од конкуренцијата ... и поставување на повисоко нива на услуги.
За Aseana Royal Spa
Нашата визија за Асеана Ројал Спа е да биде оаза каде што секој може да "побегне" од модерниот, брз и стресен начин на живеење.
Темелите на нашата стратегија се посветеноста, креативноста, оригиналноста и постојаниот ентузијазам во работата.
Facebook: Natasha Kirjazovska, Biljana Kirjazova Baharudin
Instagram: aseanaroyal
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна