Почеток со продажба во печатница Софија
Мојата бизнис приказна започнува пред 15 години. Уште тогаш ја имав прецизно зацртано мојата цел и патот по кој треба да одам за да ја постигнам. Иако точно знаев што сакам, признавам дека не можев ниту да претпоставам што ме очекува. Едноставно, мислев дека се ќе биде поедноставно.
... искуството мора секогаш да се надополни со квалитетна едукација. Затоа постојано инвестирам во знаење.
Зад себе имам 14-годишно работно искуство, но искуството мора секогаш да се надополни со квалитетна едукација. Затоа постојано инвестирам во знаење.
Тринаесет години работам во сегментот продажба во убедливо најголемиот бренд во графичката индустрија во Македонија, Печатница Софија. Компанијата е основана од моите родители и речиси 30 години успешно опстанува и се развива иако пазарните услови не секогаш се добри за водење на овој бизнис.
Најтешко е кога нешто продавате. Треба да го уверите купувачот дека го добива најдоброто за своите пари ...
Најтешко е кога нешто продавате. Треба да го уверите купувачот дека го добива најдоброто за своите пари, но она што е особено важно е да ја освоите неговата доверба. Да знае дека може да ви верува и секогаш да се потпре на вас, и се разбира да биде сигурен дека ќе му помогнете да расте и да се развива.
Сепак, добрата приказна е залудна ако зад неа нема одличен производ. Сметам дека токму тоа е адутот на Печатница Софија. Постојано инвестираме во нови технологии и несебично го вложуваме нашиот креативен потенцијал, но и нашите емоции и знаења.
Реализација на мојот сон - Ефектива
Пред повеќе од шест години одлучив да работам на реализација на мојот сон. Искрено признавам дека на почетокот се плашев. Ми требаа две години за да пресечам дека ќе ризикувам наместо да останам во комфорната зона која ми ја нудеше веќе етаблираната компанија на моите родители. И никогаш не се покајав за тоа.
Многумина ме разубедуваа велејќи дека не е лесно да водиш сопствен бизнис во Македонија и дека во маркетинг водите успеваат само големите риби, но токму тоа беше мотив повеќе да се обидам.
Ја основав маркетинг агенцијата „Ефектива“. Ние сме едно мало, но креативно семејство, препознатливи како женски тим, но се разбира не ја исклучуваме можноста во иднина да нѝ се приклучи и припадник на спротивниот пол 😃
... се обидуваме да создадеме нова енергија во маркетинг просторот во Македонија. Веруваме во квалитетот и креативноста што ги нудиме.
Шест години се зад нас. За некого можеби малку, но за мене многу значајни. Значајни затоа што се обидуваме да создадеме нова енергија во маркетинг просторот во Македонија. Веруваме во квалитетот и креативноста што ги нудиме. И кога на сето тоа ќе се додадат искрената емоција, многу работа и постојано усовршување, убедена сум дека го имаме вистинскиот рецепт за успех.
Живееме и работиме во време на исклучително лоша комуникациска култура, на креатива без емоција, на кампањи без резултати и мерливост.
Живееме и работиме во време на исклучително лоша комуникациска култура, на креатива без емоција, на кампањи без резултати и мерливост. Ние пробуваме да се се бориме нудејќи го спротивното. Секој состанок со нов клиент го започнувам со став на еден мој професор: „Квалитетот е резултат на двете страни - 50% на оние кои ја предлагаат стратегијата или креативата и 50% на оној кој одлучува за неа.“
Бизнис совет(и)
✅ Ризикувајте за својот сон!
Впуштајте се во ризик за работите кои искрено ги сакате и за кои имате знаење. Не се плашете. Стравот е најголемиот непријател на иницијативноста.
✅ Вложувајте во постојана едукација!
Од едукација никогаш доста. Посетувајте саеми, следете новитети, учете постојано, истражувајте, читајте... Обидете се да создадете тим од луѓе кои сакаат да учат нови нешта и кои се жедни за знаење. Во спротивно ќе имате тим кој ќе биде само тег на вашата нога.
✅ Ништо не е едноставно!
Ако одлучите да започнете сопствен бизнис, заборавете на помислата дека ќе биде лесно. Многу е тешко, многу препреки стојат на патот. Треба да ја најдеш работата, не ти доаѓа на тацна. Треба да ја сработиш квалитетно, да ја наплатиш, да поделиш плата на вработените, а целиот тој синџир не е лесен за носење. Има многу главоболки, но добро завршената работа е лек за сите главоболки и носи насмевка на вашето лице на крајот на денот.
Има многу главоболки, но добро завршената работа е лек за сите главоболки и носи насмевка на вашето лице на крајот на денот.
✅ Имајте доверба во луѓето!
Јас седнувам на маса да разговарам со клиент и од старт сакам да му верувам. Давам шанса за доверба и искрен пристап. Тоа е скапоцен дар. Демотивирачки е кога од старт поставувате гард и недоверба. Инспирирајте и слушајте ги внимателно потребите на вашите клиенти.
✅ Сите имаме лоши денови!
Сите имаме лоши денови, па од старт сфатете дека и членовите на вашиот тим и клиентите имааат лоши денови. Разберете ги и дајте им шанса да се чувствуваат комотно и на свој терен. Компанијата ја градиме заедно. Сите сме заслужни и за успесите и за падовите.
Сите имаме лоши денови, па од старт сфатете дека и членовите на вашиот тим и клиентите имааат лоши денови.
✅ Дефинирајте ја својата цел!
Мотивира кога од спротива имаш клиент кој од старт ја кажува целта која сака да ја постигне. Тогаш можеме да разговараме за тактики и креативност. Ентузијазмот кај клиентите мотивира, но и вашиот ентузијазам ги мотивира нив.
Работам и кога сум на одмор, на кафе...
Работам и кога сум на одмор, на кафе... Едноставно е, идеите ти го напаѓаат умот, а креативноста и инспирацијата се насекаде. Лично, инспирација ми се едуцирани луѓе, искрени луѓе кај кои љубовта ја гледаш во нивните очи.
Постојат професиналци, постајат луѓе со многу знаење. Најдете ги.
Никогаш нема да го прифатам фактот дека во Македонија, конкретно во мојата професија има голем аматеризам. Најгласни се оние кои најмалку знаат. Постојат професиналци, постајат луѓе со многу знаење. Најдете ги. Само со професиналност, едукација и чесен пристап ќе изградиме квалитетно општество.
И на крај, треба да го работите она што најмногу го сакате, но искрено и од дното на душата. Не се плашете од работа. Во моментов ја работам и мојата самостојна изложба и мојата книга првенче. „Црвена линија“ е името и на изложбата и книгата. Преку нив ќе споделам многу работи и интимни чувства. Сметам дека имам што да кажам и ќе го кажам на мој начин .
Софија Семенпеева
Facebook: Sofija Semenpeeva
Instagram: sofijaart
За „ЕФЕКТИВА“
Ефектива е независна маркетинг агенција, лоцирана во Скопје. Нашиот тим е составен од искусни креативци кои работат во различни области во делот на маркетингот и комуникациите.
Стратегијата е столб на нашето работење, а во срцето на нашата стратегија се нашите клиенти. Тие се наши партнери. На едно место добиваат од идеја до реализација. Секоја фаза во целокупниот процес на креирање и создавање е внимателно анализирана. Нашата цел е визијата на клиентите да ја претвориме во вистинска приказна. Приказна, која нивните брендови и производи ќе ги доближи до потрошувачите и ќе создаде емотивна врска со нив.
Развиваме маркетинг и комуникациски решенија на дигиталната ера. Нашата визија е поврзување на off line со on line просторите за комуникација. Ова е вистински предизвик во кој вложуваме 100% од нашата креативна енергија.
Веб: https://www.behance.net/effectiva
Facebook: Effectiva
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна