Во професијата сум повеќе од 40 години
Месарата ја отворив во 1993 година. Со овој занает сум повеќе од 40 години и продаваме само свежо месо. Изработуваме и свежи колбаси од чисто месо без додатоци или конзерванси. Правиме неколку видови. Најнов производ ни се димените колбаси.
... во 2008ма отворив и кебапчилница.
За да ја подобрам продажбата на месото и да отворам нов пазар, во 2008ма отворив и кебапчилница. Во кебапчилницата ги спремаме сите видови месо на скара што ги има месарницата. Таа се наоѓа веднаш до месарата.
Доаѓаат и гости од Грција на салати, пиење и скара.
Наши гости ни се претежно надвор од Нов Дојран. Имаме од Струмица, Гевгелија и околните места. Од Скопје имаме доста гости - можеби највеќе. Доаѓаат и гости од Грција на салати, пиење и скара.
Немам многу муштерии од Дојран
Освен некои мои пријатели кои доаѓаат секој ден на чоканче ракија и салата, немам многу муштерии од Дојран. Тие повеќе сакаат смрзнато месо што го набавуваат од локалните маркети. 😀
Во бизнисот се соочуваме со сите проблеми што ги имаат малите бизниси во малите места. Малите бизниси, посебно во малите места се многу зависни од националната и локалната економија - и секако од потезите во политиката. Секој застој и потрес во економијата директно го чувствуваме во нашето работење.
Бизнис совет:
Кога отворате бизнис, мислите на пазарот.
Кога отворате бизнис, мислите на пазарот. Ако пазарот е мал, тогаш можете да се доведете во проблеми ако економијата не се развива.
Лево: пафлак и колбас, Десно: свежа дојранска белвица
За ТОБЕ-ПРОМ
Месарата и кебапчилницата се наоѓаат на влезот од Нов Дојран, на левата страна 50 метри после бензинската пумпа на Макпетрол.
Томе Коцаров
Facebook: Tome Kocarov
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP
За една Лазорова сабота прекрасно поминавме во кебапчилницата со Томе ... 🍷 🍷 🍷
Дали некој бил и може да сподели искуство?