Мојот почеток
Во јуни одбележав 22 години од првиот добиен грант од една регионална фондација со која обезбедив 7000 долари за спелеолошко друштво Пеони со предлог проект кој го напишав за нив.
Година порано, во 1995 година како дел на тимот на Зелен Ветер, подлистокот за живитна средина на Млад Борец бев испратен да направам текст за пештерите на Матка. Спелеолозите на Пеони, кои ме однесоа до пештерите Убава, Крштална и Врело сите три на Матка, не само што ми помогнаа да направам одличен текст, туку и придонесоа заштитата на пештерите да стане моја активистичка, а потоа професионална преокупација во следните три години.
Работа во донаторските програми
Од 1998 почнав да работам во донаторска програма за зајакнување на граѓанското општество на УСАИД (ДемНет), каде поминав скоро 7 години. Таму ги научив најголемиот број на вештини за
партиципативност во работата,
менаџирање преку концептот на служење,
носење одлуки во тим и
работа во една хоризонтална структура.
На моменти се чувствував како во америчка романтична драма со хепиенд... од почетокот ми беше непоимливо дека на локалниот персонал им е дадена моќта да ги одбира своите директори. Учествував во интервјуа за 4 циклуси на избор на новите директори американци, и (случајно или не) секогаш ги одбираа од нас препорачаните кандидати. Но кога се запознав со менаџментот од Вермонт, дел од нив луѓе кои биле на чело на протестите против војната во Виетнам, можев да сфатам зошто целата структура беше натопена во демократичност и партиципативност како стил на менаџирање.
И за мене едно од најважните работи, таму почнав активно да држам Обуки за правење предлог проекти, за застапување и лобирање, за финансиска одржливост.
... најдобро разбирање за нивото на квалитет на услугите кои ги даваме кон клиентите може да се добие од оние кои се внатре во организацијата.
Оваа година правам 20 години од првата Обука за подготовка на предлог проекти. Една од научените лекции од овој период е дека најдобро разбирање за нивото на квалитет на услугите кои ги даваме кон клиентите може да се добие од оние кои се внатре во организацијата. Но секако важи и обратното, лошата мотивација на персоналот ќе предизвика нездоволни клиенти!
... лошата мотивација на персоналот ќе предизвика нездоволни клиенти!
Формирање на локална организација за зајакнување на капацитетите на граѓанското општество
Маката со која се соочивме - незадоволителни резултати од изведбата на ангажираните надворешни консултанти, ја решивме со лично инволвирање на една група од 6-7 лица од внатре за давањето обуки ... во тоа време потег кој не’ држеше заедно како тим до крајот на програмата и ние формиравме локална организација во 2003 (токму на 25 септември, пред 15 години) за да ја продолжиме мисијата на програмата на УСАИД за зајакнување на капацитетите на граѓанското општество.
Петнаесете основачи ме избраа за прв човек на таа организација, и само што го добивме првиот договор во 2005 година со американската “организација - мајка“ за која работевме во последните 7 години, наместо договорените 1.5 милиони долари за 3 години, завршивме со некаде околу 700.000 долари помалку. Една од тие финти кои ги прават меѓународните организации присутни во земјите во развој, за себе да приграбат повеќе, мене ми се случи на самиот почеток на созадавањето на организацијата која ја водев.
Од денешна гледна точка, можеби тоа требаше да биде моментот кога требаше да се разделиме со “организацијата-мајка“, но јас бев тој кој верував дека и покрај се’ што се ќе успееме. И таа организација навистина прерасна во една од најголемите поддржувачи на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во периодот 2008- 2014 година со годишни буџети меѓу 1-1.8 милиони евра.
... ние понудивме пристап што го немаше во понудата на другите поголеми локални поддржувачи ...
Сметам дека успехот во тој период беше поради тоа што ние понудивме пристап што го немаше во понудата на другите поголеми локални поддржувачи, и донаторите сакаа да работат со нас како организација. Дополнително ние важевме за организација која не беше под влијаие ниту на левите ниту на десните иделошки ориентирани организации., што исто ни го градеше имиџот како професионалци.
... создадовме грант поддржувачка организација со човечки лик. ...
Како организација водевме неколку програми за грант поддршка и она со што се гордеам, создадовме грант поддржувачка организација со човечки лик. Барем тоа ми ги кажуваат стотиците организации кои сме ги поддржувале. На персоналот секогаш им кажував дека фактот дека водиме грант програми ја зголемува нашата одговорност и дека треба да ги тргнеме игрите на моќ кои често ги играат донаторите.
Во 2007 и 2008 имавме скоро 30% од приходи од т.н. продажба на услуги (нудевме околу 35 модули на обуки, услуги на организациски проценки, фацилитирање на процеси итн), но со започнување на овие програми за доделување грантови, се одлучивме драстично да го намалиме квантитетот на услугите, за да немаме конфликт на интерес.
... фатална одлука ни беше што го намаливме квантитетот на услугите ... и потоа не можевме да се вратиме на старите позиции и со старите клиенти.
Тоа подоцна кога завршија грант програмите (2014 година) се покажа како фатална одлука, бидејќи за 5-6 години не присуство на пазарот, ние не можевме да се вратиме на старите позиции и со старите клиенти.
Заклучокот е за да продолжиме да бидеме финансиски одржливи треба да го одржуваме балансот помеѓу различните извори на финансии, и тоа од најмалку 2 различни извори. Тоа и беше и една од причините зошто ставивме крај на таа приказна.
Сега - Проефект Иново
И последниот период од 2015 наваму е менаџирањето на Проефект Иново, консултантска организација која е најактивна во делот на поддршка во обезбедувањето средства од неповратни извори на финансии (грантови). Како Проефект, обезбедуваме Обуки за подготовка на проекти од ЕУ фондови (ИПА II, Erasmus+, Creative Europe, Horizon 2020, Europe for Citizens, EaSI, итн.) како и од другите донаторски програми (USAID, SDC, амбасади, меѓународни организации, итн).
Еден од увидите кои често ги имам од својата работа во ПроЕфект е дека за компанијата каде работиме, или која ја раководиме треба да покажеме екстра грижа, со правење на повеќе дополнителни активности (кои не се наша примарна работа), за да ни се врати повеќе задоволство и ќар од резултатите на работа.
Одење во банка, јавување на телефон и разговор со клиенти, праќање на е-мејлови на контактите од нашата дата база, се само дел од тоа што го правам редовно! Со љубов кон ПроЕфект! ❤️❤️❤️
Бизнис совет(и)
За успех на компанијата која ја раководиме, за која работиме, со покажување на екстра грижа, со правење на повеќе дополнителни активности (кои не секогаш се наша примарна работа), ќе направиме да ни се врати повеќе задоволство и добивка од резултатите на работа.
Одење во банка, јавување на телефон и разговор со клиенти, објава на статус на Facebook, LinkedIn, праќање на е-мејлови на контактите од нашата дата база, како и разговор со колега/шка за нова идеја не покажуваме само дека си ја сакаме нашата работа и нашата компанија.
Покажуваме дека сме на исто ниво со сите во компанијата!
Најдобро разбирање за нивото на квалитет на услугите кои ги даваме кон клиентите може да се добие од оние кои се внатре во организацијата. И кои се добро мотивирани! Но секако важи и обратното, лошата мотивација на персоналот ќе предизвика нездоволни клиенти!
За (да продолжиме) да бидеме финансиски одржливи, потребни се најмалку два различни извори на финансирање ...
За (да продолжиме) да бидеме финансиски одржливи треба да го одржуваме балансот помеѓу различните извори на финансии, и тоа од најмалку 2 различни извори на финансирање (продажба на услуги/добра, грантови, итн)
Зоран Стојковски
Facebook: Zoran Stojkovski
За Проефект Иново
ПРОЕФЕКТ ИНОВО обезбедува консултантски услуги и решенија за организациска и финансиска одржливост на институции, организации и претпријатија, преку давање експертска помош во добивањето на грант поддршка од меѓународни донатори и програми, како и во обезбедување на локално финансирање со помагање на развојот на најдобрите практики на општествена одговорност на бизнис секторот, и мобилизирање на локални ресурси со контрибуција на време, експертиза и средства од поединци.
ПРОЕФЕКТ ги поддржува меѓународните развојни организации во спроведување на нивните програми во Македонија и југоисточна Европа.
Facebook: https://www.facebook.com/proefektinovo/
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna
#МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна
Го читам напишаното вчера и објавеното денеска во делот Бизнис совети на Логин системи, и се сетив на уште еден важен заклучок за мене од почетниот период на мојата професионална кариера. Со големиот број на активности реализирани преку реализацијата на проектите во Пеони за две години успеав да создадам одличен тим на волонтери, но се соочив и со отпори кај постарите членови (Пеони беше здружение формирано во доцните шеесети на минатиот век) кои беа збунети од новиот начин на работа, па не ми дадоа влез во раководното тело на редовните избори. Целата екипа на млади членови го доживеаа тоа како не фер однесување и доминација на постарите, и се случи поделба. Јас набргу ја продолжив мојата кариера надвор од таа организација, а нездоволните млади формираа посебна организација Урсус спелеус, кои до ден денеска се активни. Беше интересно да се види дека, и на Пеони му се случи подмалдок, т.е. децата на основачите се активираа и до денеска и тие се активни. Еден од увидите кои ми е останат од тоа време е дека ако се сака да се ре-активира било која организација во која има криза или некаков внатрешен судир помеѓу персоналот, соодведетен потег е да се иницира одвојување на делот кој има други вредности и гледишта, секако доколку обидите за внатрешно разрешување на проблемите се неуспешни. И едниот и другиот дел на организацијата можно е да опстанат подолго, отколку организација.