Пред некоја година со страст и сласт ја гледав серијата Suits. Изобилуваше со совети, досетки, правни случаи, решенија. Менаџмент на работа. Однос со луѓе. Бизнис култура.
Повеќе за серијата на https://www.imdb.com/title/tt1632701/
Почнааа да излегуваат и изреки и совети од оваа серија на социјалните мрежи.
👉 Направи да биде приоритет. Тогаш ќе “имаш време”.
Овој совет на фотото ме бендисува. Знаеме да си кажеме дека немаме време за одредена работа. Е кога ќе ја ставиме таа работа како приоритет, тогаш се наоѓа време.
Имате ли вие некои омилени изреки и совети од оваа серија? Баш би било корисно ако споделите. 🙏