За јога вежбите постојат многу научно засновани здравствени придобивки, Таа помага да изградиме одлична практика за себе, своето тело и ум. Преку неа стануваме истовремено, и флексибилни и силни. Учејќи да дишеме длабоко и свесно, го подобруваме капацитет на белите дробови, стимулирајќи релаксација, преку која се намалува крвниот притисок и најважно - акумулираниот стрес.
Преку свесното набљудување на себе, учиме да ги управуваме своите емоции и да создадеме за себе подобра ментална слика. Јогата кај жените помага и во ублажувањето на симптомите на ПМС и менопауза заради нејзиниот балансиран ефект на ендокриниот систем. Медитативниот аспект на јогата ја подобрува концентрацијата и фокусот, зголемувајќи ја менталната јасност.
Знаете ли дека ако се соочувате со хормонални “епизоди“ (промена на расположение, на пример ма работа или дома) , одредени јога позиции може навистина да ви помогнат во регулирањето на хормоните?
Во суштина, јогата е холистичка практика која го негува физичкото, емоционалното и менталното здравје и ви носи добробит во личниот и во деловниот живот.
Придобивки од редовно вежбање јога во домашни услови
За придобивките на јогата сегде се пишува но овде сакам да напоменам за придобивките од вежбање јога во домашни услови.
Три важни придобивки ќе ги добиете ако започнете да вежбате ОНЛАЈН Хелти ЈОГА часови се:
Заштедувате време: Не губите време за одење и враќање. Можете да ги следите часовите преку било кој уред и во било кое време (бидејќи имате снимка од часовите) а кога ќе заврши часот оп веднаш сте дома на топло.
Заштедувате пари. - ONLINE Јога часовите секогаш чинат помалку од редовните часови кои се одвиваат во сала. Плус може да платите и со картичка, без да излезете од дома на овој ЛИНК.
Не забушавате: Една учесничка ми рече "Знаеш подобро ми е онлајн. Ако сум уморна или ми е ладно, во живо нема да дојдам, но онлајн нема каде да забушавам. Дури и да сум преморена уклучувам на Zoom и се преродувам на твоите часови."
Ако ова ве поттикна прочитајте и ОВДЕ какви сé придобивки добивате ако редовно вежбате онлајн ХЕЛТИ ЈОГА часови со нас и приклучете се во новата Хелти ЈОГА практика која почнува на 1 Февруари, ОНЛАЈН
#HealthyME ONLINE Јога часови вторник и четврток (19.30-20.30)
Јогата е рутина во која вреди да се вложи бидејќи ви носи балансиран и здрав животен стил!
за авторот: Билјана е основач на брендот Healthy Life Skills & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите.
Предлог настани и активности за вас:
ОНЛАЈН ЈОГА часови Старт 1 Февруари 2024
“Mental Detox” онлајн предизвик Старт 16 Февруари 2024
Хелти ЈОГА ретрит во Ќерет , Албанија– 23-26 Мај 2024