Во денешни услови скоро и да не постои современа, модерна и растечка компанија во која голем дел од трансакциите не се прават на меѓународно ниво. Еден од главните финансиски индикатори кој треба да се следи е навремено, точно и прегледно ажурирање на курсните разлики.
Постојаното и правилно следење на движењето на курсот на странските валути во однос на домашната е од огромно значење за финансиите на компанијата и правилно и рентабилно искористување на паричните средства, како и донесување на навремени и продуктивни деловни одлуки.
За разлика од класичните (постари) сметководствени софтвери, курсирањето во NAV е автоматско и не треба рачно да се пресметува на крајот на одреден период (или почесто).
Во НАВ постојат неколку специфики/функции поврзани со курсните разлики:
1. Секојдневно внесување на девизен курс. Секојдневно треба да се внесува курс на странските валути кои се користат за да може девизните трансакции да бидат конвертирани во денари (домашната валута). Доколку нема внесено курс за датумот за кој се прави транакцијата, НАВ ќе го земе последниот внесен курс за соодветната валута.
2. Конта за книжење на курсни разлики. НАВ пресметува нереализирани и реализирани позитивни и негативни курсни разлики. Во сетапите се задаваат конта на кои се книжат истите при трансакциите. Препорачливо е да има различни конта за нереализирани и реализирани курсни разлики, како и различни конта за различни валути.
3. Курсирање на коминтенти, а не на конта. Во НАВ се курсираат само трансакциите кои се поврзани (искнижени на) со Купувачи, Добавувачи и Банки. Автоматски не се курсираат износите кои се искнижени директно на конто. Затоа, препорачливо е доколку има девизни кредити, позајмици и слично, истите да бидат отоворени како коминтенти (Пр. Добавувачи) за да се земат трансакциите во предвид при автоматското курсирање во НАВ.
4. Функција за автоматско ажурирање на курсни разлики. Функцијата за ажурирање на курсни разлики е системска функција на НАВ и се пуша најчесто на крајот на месецот, меѓутоа може да се пушта и секој ден или по динамика која самиот корисник ќе ја одреди. При оваа функција, во зависност од поставените филтри, се земаат отворените девизни трансакции за соодветниот период и истите се курсираат. Тоа значи дека во тој момент автоматски се сторнираат претходно пресметаните нереализирани курсни разлики и се прокнижуваат нови согласно моменталниот курс на соодветната валута.
5. Курсирање при затварање (поврзување) на документи со плаќања. Кога се прави аплицирање (затварање) на документи-фактури со плаќања НАВ пресметува курсна разлика согласно направена пресметка за споредба на курсот на денот на книжење на фактурата и денот на плаќање на истата, во релација со средствата кои се потрошени за да се реализира плаќањето. Во зависнот дали се плаќа повеќе/помалку од денарската вредност на фактурата на денот на книжењето, се пресметува позитивна или негативна реализирана курсна разлика.
Повеќе информации за тоа како работи НАВ со курсните разлики има на линковите подолу:
Currency Exchange Rate Table
https://msdn.microsoft.com/en-us/library/hh171003(v=nav.70).aspx
Adjust Exchange Rates Batch Job
https://msdn.microsoft.com/en-us/library/hh167262(v=nav.90).aspx
Adjustment Exch. Rate Amount Field, Currency ExchangeRate Table
https://msdn.microsoft.com/en-us/library/hh167378(v=nav.70).aspx
Понова и посеопфатна информација може да се добие на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/smetkovodstvo-i-finansii/kako-da-izrabotka-na-zavrshna-presmetka-za-finansiskata-godina-vo-business-central