Dynamics NAV е софтвер за сметководство и решение за деловно работење на мали и средни фирми, како и јавни институции. Во Македонија може да го користат поуспешните мали, сите средни и најголемите фирми. Покрај сметководството и финансиите, NAV содржи модули за комерција, магацинско работење, набавки, човечки ресурси, водење проекти, сервис и производство.
Некои битни факти за Dynamics NAV (податоците се за 2014та, а бројките растат од година во година):
NAV во 165 земји
94.000+ организации
44 јазици
1.4 милиони лиценцирани корисници
Преку 2200 дополнителни решенија
Логин Системи го надополни овој систем со сопствени прилагодени модули за дистрибутерски куќи, малопродажни ланци, рудници, болници, универзитети и сервисни организации. NAV го прилагодивме на македонските прописи и стандарди и е во функција во десетина фирми и организации, приватни и јавни, во Македонија и регионот.
Ако сте заинтересирани за имплементација на NAV 2017 во вашата организација, Ве очекуваме со Ваша порака на овој пост, во инбокс на веб страната на Логин Системи или на info@loginsystems.biz.