На последната конференција на Microsoft, Inspire 2018 во Лас Вегас, Microsoft потврдува дека новата верзија Dynamics NAV 2019 ќе се вика Dynamics 365 Business Central On-premise. Со оваа измена бренд-називот Dynamics NAV оди во историјата.
Од октомври оваа година новите и постоечките корисници ќе имаат можност да избираат верзија на имплементација на Business Central за облак (cloud), за свои сервери (on-premises) или хостирана (hosted). Освен името, нема да има други измени во начинот на работа на Dynamics 365 Business Central On-premises во однос на Dynamics NAV со исклучок на некои битни измени во подобрениот веб интерфејс.
На сликата подолу е прикажан патоказот на развој на Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central.
Постоечките корисници Dynamics NAV нема да почуствуваат некаква разлика во начинот на надградба на системот како што тоа го правеле до сега. Тоа што е важно да се истакне е дека надградбите на Business Central ќе одат два пати годишно наместо како до сега еднаш годишно. Надградбите ќе се прават во април и во октомври и за двете едиции, облак и on-premises. Измеѓу овие месеци ќе има месечни кумулативни исправки на програмскиот код.
Пристап до интелигентните услуги во облакот Azure
За постоечките корисници на Dynamics NAV ќе се овозможи пристап до интелигентните Intelligent cloud/Azure преку услугата Intelligent Edge. До крајот на годината корисниците на Dynamics NAV и на Dynamics 365 Business Central On-premises ќе може да ги користат услугите на интелигентниот облак преку Dynamics 365 Business Central (прикажано на сликата подолу).
Со воведувањето на услугата Intelligent Edge за Dynamics NAV и за другите апликации од семејството Dynamics кои користат сопствени сервери ќе може да се искусат способностите на "облакот" на Microsoft заедно со сите решенија што го користат интелигентниот облак. На тој начин ќе може да се користат апликациите Microsoft Flow, PowerApps, машинското учење и другите решенија преку заедничка податочна услуга.
Главната цел на оваа новина е да се вклучат во облакот и оние корисници кои моментално не се спремни, немаат можност или немаат во план да преминат целосно на "облакот" на Microsoft. Ова ќе значи и лесна миграција во иднина, тогаш кога компаниите ќе бидат спремни да преминат на облакот на Microsoft.
Со ова се потврдува намерата на Microsoft да биде "облак прво" бизнис и да ги овозможува способностите на облакот за секој поединец и секоја организација.
#msdynnav #msdyn365bc #dynamicsnav #azure #облак