На LinkedIn ни е поставено прашање за интеркомпаниски книжења во сметководството. Поводот е линкот од нашиот сајт на https://www.loginsystems.biz/DynamicsNAV/Smetkovodstvo/GlavnaKniga/InterkompaniskiKnizenja каде што стои:
Управување со сметководството за повеќе од една компанија со ист процес на книжење. Компаниите можат да бидат во ист или на неколку различни бази на податоци во Microsoft Dynamics NAV. Исто така можат да се испраќаат документи на своите компании – партнери.
Прашањето е:
Дали може Интеркомпаниските книжења во Dynamics NAV да се користат за сопственичко поврзани фирми во Македонија, Косово и Албанија?
Има некој на форумот со искуство во користењето на интеркомпаниските книжења што сака да сподели?
Да, секако дека може да се користат Интеркомпаниски книжења за сопственичко поврзани фирми во било која земја, не само во овие три. Интеркомпаниските книжења им помагаат на компаниите кои контролираат повеќе од еден правен деловен субјект.
Идејата е следна: ќе креирате три компании, по една за секоја земја. Потоа ќе дефинирате интеркомпаниски контен план - секоја земја ќе си работи со свој контен план. Се прават одредени подесувања и потоа ако една компанија фактурира на друга, тогаш е можно продажната фактура на едната компанија да се префрли како набавна фактура во другата компанија. Со тоа се штеди во внесување на податоци, а се избегнуваат и грешките.
Сме го правеле тоа претходно. Инаку Логин Системи има фирми во Албанија и Косово и за сите три земји имаме посебни контни планови (за сметководството).